Десет и пол знаци дека живеете во роман на Харуки Мураками

Слонот мистериозно исчезнува. Џиновска жаба ве чека во станот. Вашата мачка мистериозно исчезнува. Две месечини има на небото. Вашата сопруга мистериозно исчезнува. Странец ви доаѓа и ве моли да му ја пронајдете овцата, или ви се јавувава жена и ве моли за десет минути  од вашето време.

Можно е да сте главен лик во роман или расказ на реномираниот јапонси автор Харуки Мураками.

Погледнете околу себе. Ако ништо од ова не звучи познато, можеби би било паметно на својата мачка да и купите ново ланче:

1. Пиете црно кафе

2. Имате длабока и трајна љубов кон стари џез плочи

3. Лесно се впуштате во секс без емоции со непознати луѓе. Доколку го опишувате тој сексуален однос на пријател, ќе користите најапстракни можни зборови, но тоа никогаш не го правите, затоа што немате пријатели.

4. Ги обожавате 1960-тите и едноставните задоволства: црно кафе, стари џез плочи, секс без емоции доцна попладне. Ако пак, живеете во шеесеттите, воглавно сте повлечени.

5. Постојано размислувате за тоа дека работите би биле подобри само кога би се вратиле на она што било некогаш. Ги поминувате деновите размислувајќи за тоа како само вие живете на единствениот вистински начин на живеење, се околу вас е непрефинето, банално и недоквакано, и не го заслужува вашето внимание.

6. Имате пријател кој е ваша спротивност. Ако сте тивки и затворени, тој или таа е храбар/ра и смел/а. Безусловно сте добри пријатели и покрај тоа што често неповолно се споредувате со пријателот.

7. Неверојатно добро ви одат описи на било која просторија во која моментално се наоѓате. Секој детал е назначен и наjстрого внимание се посветува на наизглед неважни предмети кои ги пополнуваат дупките со внимателен опис. Кога некој би го слушнал описот на вашата соба, би можел совршено јасно да ја замисли баш секоја работа во неа, дури и колку е мазна фарбата на ѕидовите.

Чувствата не умеете да ги опишувате.

8. Најголем комплимент кој можете да го упатите на жена е да не спиете со неа.

9. Постои една особа која ви е судена. Суштината на вашиот однос не се состои смао во љубов, туку и во целосно и заедничко суштествување. Вселената е создадена само за вие и таа особа да се сретнете.

Внимание:

Oва исто така значи дека сте во приказна на Банана Јошимото.

10. Присилени сте да го напуштите домот и да отпатувате во потрага по нешто, но не знаете по што. Одите по хотели со пет ѕвезди, мали градови, сомнителни мотели, психијатриска клиника во планина, остров на брегот на Грција. Таму чекате нешто да се случи. Чекате долго, но она што сте го чекале да се случи ќе се случи дури откако се вратите дома. Што и да правите, секогаш ве прогонува чувство на неразрешеност, додека катарзата ви избега за влакно.

Значајно:

Се горенаведено се однесува само на мажите. Ако сте жена во роман на Мураками, веројатно веќе сте исчезнале.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот