Дечишта уништија непроценливо културно наследство

Група дечишта уништи непроценливо богатство што се наоѓа во Норвешка, поточно пештерска слика на скијачи на островот Тро. Градоначалникот на местот во кое се наоѓа овој цртеж го нарече делото „вандализам“ и „национална трагедија“.

Цртежот го уништија двајца млади на кои според градоначалникот Бард Андерс Ланго им е мнооооооооогу жал за наравеното.

Како што сите што пратиме предизборни кампањи од 1998-ма навака знаеме дека “Патот до пеколот е поплочен со добри намери“ така и овие дечишта имаа добри намери. Тие сакаа да го продлабочат цртежот за да им е повидлив на посетителите.

Овој цртеж е еден од најпознатите во Норвешка и е меѓународно претпознатлив симбол на таа земја. Тој е и доказ дека луѓето во каменото доба користеле скии и послужи како инспирација за логото на Зимските олимписки игри во Лилехамер во 1994-та година.

Археолозите се сложни дека направената штета е непоправлива.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот