Деcет мали грешки со големи последици

10. Еден германски хемичар во 1870 ја промашил децималата на процентот на железо во спанаќот и место 3.5 милиграми на 100 грама напишал 35 милиграми. Иако денес го знаеме овој податок многу е тешко да се разубедат луѓето во неговата невистинитост.

9. Ханибал во 218-тата година пред нашата ера ги поминувал Алпите во цел да ја покори Италија. За да им докаже на своите војници дека патот е сигурен предизвикал лавина. Во таа лавина загинале 18.000 војници и 2000 коњи што било околу половина од неговата војска.

8. Берлинскиот ѕид падна поради мала грешка на конференција за печат во 1989-та. Политичарот од понискиот ешалон, Хунтер Швабовски кој пред конференцијата конзумирал и алкохол кажува дека ќе има мали измени во режимот за патување на граѓаните. На прашањето кога почнуваат измените тој одговара одма. Луѓето помислиле дека тие измени се за слободно патување на запад и по три дена паѓа ѕидот кој ја делеше Европа.

7. Титаник потона поради еден клуч со кој се отвараш просторот каде што беа сместени двогледите. Клучот остана кај Давид Блер кој во последен момент реши да не замине на патувањето.

6. Константинопол падна пред Турците затоа што некој по грешка имаше оставено отворена мала врата на тврдината. Султанот Мехмед Втори ја искористи таа можност и го освои градот.

5. Инженерите на Локид Мартин и НАСА во 1999-та успеале да загубат сонда кој го набљудувала Марс затоа што едните пресметките ги правеле во инчи, а другите во сантиметри.

4. Авионите денес имаат кружни прозори поради две авионски несреќи од 1954-та кои биле резултат на пукање на правоаголните прозори. Потоа се воведени кружни прозори кои се поиздржливи на притисок.

3. Советите во 1969-та ја загубија ракетата Н1 која требаше да го однесе на месечината заради лошо заштрафен штраф. Резултат е една од најголемите експлозии во историјата на човештвото.

2. Еден збор може да е причина зошто САД го искористи атомското оружје против Јапонија. На американското барање на капитулација јапонскиот премиер Кантаро Сузуки одговорил користејќи го зборот мокусатсу кој може да значи ја примив пораката и размислувам и ја примив пораката и не ми е гајле за неа.

1. Германците ја изгубија Нормандија заради роденденот на сопругта на Ромел кој на Денот Д не бил таму да командува туку зел неколку слободни дена да го прослави роденденот. Кога веќе вестите стигнаа до него Нормандија веќе паднала.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот