Дали треба да ги оставиме пандите да умрат?

Пандите со тек на време станаа заштитен знак на сите заштитени видови на животни. Иако се неоддоливи сепак тие се прескапи за одржување. Според некои екологисти, поради статусот кои пандите го добија како претставници на сите загрозени видови тие добиваат многу повеќе средства на сметка на други загрозени видови.

Иако научната заедница е поделена околу финснсирањето на пандите сепак ново истражување дојде до заклучок дека со спасувањто на пандите се спасуваат и многу други загрозени видови.

Исражувањето ги опфаќаше загрозените видови кои ги има само во Кина. Според истражувањето зачувувањето на природниот хабитат во кој живеат пандите има позитивно влијание и на 70% од загрозените шумски птици, 70% од загрозените цицачи и 31% од рибите.


Поради големата популарност на пандите во Кина јавноста нема против да се трошат огромни средства за нивно зачувување и правење нови заштитени зони што пак им го олеснува животот и на другите загрозени животни.

За илустрација на моќта на пандите може да послужи следниот пример. Кинеската влада имала план да гради железничка линија која врвела низ живеалиште на панди. Иако кинските власти тешко се откажуваат од своите планови тие сепак побарале алтернативен пат и заштитиле уште две живеалишта на пандите.


Во истражувањето најголема замерка кон кинеските власти во нивната политика за заштита на загрозените видови е уптена кон малите фондови за заштита на рибите и водените животни.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот