Дали сте зависни од љубов?

Научниците и истражувачите од Универзитетот во Оксфорд неодамна ја анализираа научната литература за тоа зошто никогаш не ни е доста од љубовта – и зошто на различни начини одлепуваме кога ја немаме – и откриле дека можеби е така зошто сме зависни од неа. „Овие феномени – вклучувајќи и сменување на циклусите на екстаза и очај, очајнички стремежи и екстремни и понекогаш штетни мисли и облици на однесување кои можат да следат поради губењето на љубовта – потсетуваат на аналогните феномени поврзани со „конвенционалните“ зависности, како што се оние од дрога, алкохол или коцка“,се  објаснува во истражувањето на повеќе од 400 студии за зависноста од љубовта објавени во списанието Филозофија, Психијатрија и Психологија.

Истражувањето го водел Брајан Ерп од Центарот за невроетика на Универзитетот во Оксфорд. Ерп открил дека постојат два начини на кои љубовта може да набљудува како зависност: тесен и широк. По она што го нарекува „тесен“ поглед осведочен зависник си само кога потрагата за љубов видно ти влијае на секојдневниот живот. Кога заљубена особа псотојано бара контакт со некоја друга индивидуа, поради физичка интимност, вниманние или само за да биде во нејзино друштво – тоа често го рпави за да обезбеди моментално чувство на интензивно задоволство и да си даде одишка на опсесивниот образец на размислување за предметот на својата страст. Ако ваквото однесување е закана за нејзината безбедност или безбедноста на некој друг, за менталното или физичкото здравје, или ако биде изложена на општествени или судски трошоци, тоа може да го зголеми нивото на зависност.

Една друга студија открива дека зависниците од љубовта „се чувствуваат осамено кога не се во врска“, „настојуваат повторно да го заведат предметот на својата љубов и многу долго откако врската е завршена“ и „ веднаш наоѓаат замена за раскинатата врска“, и покрај тоа што се декларираат дека „никогаш повеќе нема да сакаат“.

Добро е познато дека во мозокот се случуваат различни биохемиски реакции кога сме заљубени. Некои истражувачи забележуваат дека оваа природна реакција може да развие нездрав сиглан на наградување и со тоа да предизвика зависност.

Но, според други видувања, во суштина секоја љубов е зависност. Ова е широк поглед според кој се тврди дека зависностите, без оглед од што, се едноставно апетити: тоа се потреби кои ги чувствуваме и кои повремено можат да се задоволат, но кои со текот на времто стануваат ургентни и ни пречат ако се воздржуваме од задоволување.

Со други зборови, сите сме во спектарот на зависноста. „По овој пристап се тврди дека да се биде заљубен во некој буквално значи да се биде зависен од него, иако можеби само слабо“.

Студиите покажуваат дека обичната, нормална љубов – за разлика од растроеното однесување опишано порано – ги стимулира нашите центри на ист начин на кој тоа го прават дрогите.

Широкиот поглед на зависност од љубовта може да се опише  преку облици на однесувања и емоции на некој кој е опсесивно и секојдневно опседнат, па секојдневно го проверува Инстаграм профилот на својата бивша љубов не како растројство, туку како валидна реакција на раскинувањето, иако можеби екстремна.

Ерл вели дека дистинкцијата помеѓу овие два пристапи поставува важно етичко прашање за тоа како можеме да ја третираме зависноста од љубовта во иднина, во која нема да има љубовен напиток кој може да се испие за да се спречи раскинувањето или таблета која може да се испие за да се преболи бившата љубов.

Ерл забележува дека антидепресиви можат да се препишат на некој за да му помогнат да го остават партнерот: „Селективните инхибитори за преземање на серотонинот, кои се користат за лечење на депресија, понекогаш имаат несакани последици како намалување на либидото, но исто така можат да ја блокираат и „возвишената“ способност за грижа за туѓите чувства  и можат да ја намалат романтичната поврзаност. Тоа обично се смета за лоша ранота, но ако се обидуваш да ја прекинеш врската, тогаш овие несакани ефекти на лековите всушност би можеле  да ти помогнат да ја оствариш целта“, вели тој. Ерп не препорачува на овој начин да се земаат антидепресиви, потребен е рецепт и валидна дијагоноза, но истакнува дека ваквите ефекти се можни: не се научно фантастички шпекулации.

Но, во кој случаи на некој би му биле потребни лекови за да ги регулира емоциите и кога некој треба да прибегне за тој начин? Ерл вели дека тоа може да се сведе на тоа дали заљубената особа е штетна за себе или другите или не. „Како што стојат работите, има секакви начини да се преболат „чувтвата кон некој, посебно кога ќе сфатиш дека таа особа е навистина лоша за тебе, или си во токсична врска кога треба да се заврши, на овој или на оној начин. А ние мислите дека прво треба да се испробаат овие „традиционални“ нефармацевтски начини на менување на чувтвата, дури иако „лечењето“ на штетната зависничка љубов во иднина станува можно“, вели Ерл. „Сакаме само да ја зголемиме можноста за некои луѓе, ако тие „традиционални“ методи не успеат, и ако нивните чувтва нанесуваат значителна штета за нив или за трети лица... тогаш би можело да постои аргумент да се преболи емотивното раскинување.“

Но, од друга страна сакаме да истакнеме дека болката од раскинувањето, како и боидот да сфатиме како да ги пребродиме чувтвата кон некој, составен се дел од животот, додава тој. „Во текот на тие борби делумно учиме да созреваме и во иднина да избегнуваме лоши ситуации. Според тоа не се препорачува луѓето едноставно да почнат да голтаат таблети  по свој ќеиф вклучувајќи и исклучувајќи чувства.

Наместо тоа, одејата да се обидеш да се идентификуваш со тие специфични ситуации во кои страдањето е толку големо, а другите средства не се од помош, можеш да заземеш „медицински пристап“ кој би можел да ти помогне.“

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот