Дали медот е здрав?

РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ, ОВОЈ ЧУДОТВОРЕН ЛЕК и слични наслови откриваат лекови за сѐ и сешто на база на мед со варијации од лимон од куркума. Но дали медот навистина е толку здрав? Дека не лечи сѐ што пишува по порталите тоа е сигурно.

Еве што велат научниците.

Обично се смета дека медот е подобар избор од шеќерот, а шеќерот е станат Баба Рога мешу намирниците и треба да се избегнува. А медот? Медот често слушаме дека е здрав и пожелен за конзумирање.

Но конзумирањето на мед го има истиот ефект како шеќерот поради една едноставна причина - и медот е шеќер.

„Обично се смета дека шеќерот е лош, а медот добар“ објаснува нутриционистот Иан Мабер.

Медот има малку понизок глукемиски индекс во однос на шеќерот, па телото малку побавно го апсорбира, но тие разлики се минимални, а медот има и повеќе калории. Така една лажица мед има 22 калории, а една лажица шеќер 16.

Компаниите често на своите производи пишуваат дека нивните производи имаат мед затоа што тој се смета за здрава храна и е добар за рекламите.

Но дали медот има некои состојки кои можат да ви го подобрат здравјето?

Накратко, не. Медот покрај глукозата и фруктозата се состои од уште 20 видови шеќер, а покрај тоа има и многу други елементи кои зависат од билките кои ги посетувале пчелите. Сепак тие сѐ во многу мала количина за да имаат ефект врз здравјето, велат нутриционистите.

На пример шеќерот во себе нема селен, а медот го има. Во количина од 0.2 микрограми додека дневната потреба на нашето тело од селен е 70 микрограми. Значи од мед можете да добиете само 0.3% од дневната потреба. Медот навистина има одредени антиоксиданси и неговото кознумирање може во одредена мера да влијае на настинки, но за да го постигнете тој ефект треба да конзумирате огромни количини мед. А тоа не ви е паметно.

Медот е поблиску до шеќерот отколку до здравата храна или да е лек. А на телото не му е потребен шеќер па така користењето на медот треба да го ограничите или сосема да го исфрлите.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот