Дали Кастро имаше шанси да стане професионален бејзбол играч?

Според многу бејзбол експерти и тренери Фидел Кастро во младоста бил талентиран играч кој бил блиску да добие професионален договор во САД пред да реши да стане комунистички диктатор во Куба. Се разбира за тоа се доказ многуте фотографии на кои тој игра бејзбол кои во никој случај не можат да бидат комунистичка пропаганда.

Тоа е прашање за алтернативните историчари во рангот "Што ако Хитлер беше примен на академијата за ликовни уметности во Виена?".

Тотално некомунистичка пропаганда


Во најмала рака може да се каже дека Кастро е голем љубител на спортот, но освен фотографии регистриран е само еден ревијален натпревар на кој учествувал. Кубанските и интернационалните спортски историчари не можат да најдат ни еден доказ дека некогаш играл професионално во својата младост освен еден натпревар за универзитетот - натпревар кои тимот на Кастро го загубил.

И тоа е под претпоставка дека потпишаниот Ф. Кастро во архивите е вистинскиот Кастро. Најблиску што Кастро има стигнато до професионален договор е при неговата прва посета на САД во 1959-та кога тренерот на Вашингтон Скаутс побара од него да им се придружи за да можат да ја освојат титулата.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот