Дали брадата е одраз на мажественоста и нејзина кратка историја

Факт е дека брадата и мустаќите можат значително да го подобрат или влошат изгледот на мажот. Контурите на лицето и густината на брадата можат значајно да влијаат на тоа дали на некој маж, брадата ќе му стои добро или не. Меѓутоа, во изборот меѓу чисто, детско лице и лице на дрводелец во најголема мерка одлучуваат личните преференции, стилот и впечатокот со кој некој маж сака да постигне било кај другите мажи или жени.

Биолошка, естетска и социјална одреденост на носењето брада

Феноменот на брадестите мажи можеме пред се да го согледаме од аспект на билогијата. Влакна на лицето не би требало ни да постојат, ако нема специфична причина тука да раснат, нели? Прачовекот бил значително повлакнест на сите делови на телот, па и на лицето. Тие им служеле на мажите да изгледаат поопасни за непријателите при борбата за преживување. Исто така, биле, а и денес се, исклучително корисни во текот на зимските месеци. Исто така, може да се рече дека брадата треба да биде на лицето, затоа што тука и е местото.

Овој став може да биде меч со две острици. На жените, исто така не би им растеле влакна на разни делови од телото, ако не е потребно да бидат тка. Но, жените сепак прилично време и труд вложуваат во тоа да се ослободат од тие влакна, иако можат да бидат од корист во зима, а и би заштедиле многу пари за депилација и бричеви.

Тоа значи дека влакнестоста, било на лице, или на нозе, не е само биолошки, туку и естетски и социјално одредена. Сега да го преформуираме прашањето: дали брадата моментално е естетски и социјално прифатлива? Да, е.

Доказ за ова тврдење лесно можете да најдете на своите профили на социјалните мрежи. Зашто брадести мажи има секаде. Последните години, всушност, брадите станаа исклучително популарни со стилот на хипстерите.

Како брадата им изгледа на прв поглед на другите луѓе?

Меѓутоа, не можеме да тврдиме дека брадите бо текот на целата историја биле популарни.

Пример, Александар Македонски бил прилично строг по прашање на бричење на брадата и мустаќите кај своите војници. Сметал дека брадата може да го ослаби војикот, затоа што непријателот може да го повлече за неа. Така војниците биле препознатливи по своите чисти лица.

Од друга страна, обриченото лице, често и денес се врзува со детството. Уште Платон зборувал за момчињата со голи образи, децата кои самошто влегле во пубертет. Со самото тоа, чистото, избрчено лице може да биде и синоним за незрелост.

Секако тоа се базира исклучително на прв впечаток.

Мажите со брада, значи, на прв поглед на другите луѓе им изгледаат сериозно, тие поединци даваат впечаток на прави алфа мажјаци. Некои учесници на научни студии, ги окарактеризирале и како агресивни. Заклучокот е прилично логичен, агресијата, како и растот на брадата, го предизвикува тестостероно – машкиот хормон.

Во таа смисла, можеме слободно да речеме дека брадата е симбол на машкоста, но таа може, исто така, да биде и симбол на несреденост. Основната хигиена, порано не била достапна за сите, така што обричаното лице, тогаш претставувало престиж.

Брадата треба да се негова исто како и косата, потребно е да се мие и чешла, затоа што никој не сака да види човек со дневно мени на улица. Маслата за брада можат прилично да помогнат за брадата да се среди и негува, за не би изгледале неуредно. Покрај тоа, доколку се има долга брада, треба редовно да се крати и да се одржува кај бербер.

Покрај тоа, постојат и многу начини да се носи брада, а само еден начин е воопшто да се нема. Тоа значи дека брадата може да помогне лицето подобро да се истакне, како и она што е најпривлечно на него – мажественоста.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот