Цигарата не ве смирува

Истражувањето покажува дека престанувањето со пушење доведува до намалување на степенот на анксиозност доколку не дојде до повторно враќање на навиката.

Тимот истражувачи, Мек Дермот, Марту, Холандс, Хакинс и Ејвјард од неколку англиски униврзитети, вклучувајќи го Оксфорд, Кембриџ и Кингс Колеџот во Лондон, спровеле истражување за да ги испитаат промените во нивото на анксиозност на учесниците после успешно и неуспешно престанување со пушење.

Во истражувањето учествувале 490 пушачи кои посетувале клиники за престанување со пушење во Англија. Проучувани се шест месеци после вклучувањето на фармакогенетска терапија за замена на никотин.

Резултатите покажале значајна разлика во нивото на анксиозност помеѓу учесниците кои успеале да прекинат целосно со пушење и оние кои пак започнале да пушат. Притоа падот на анксиозноста кај учесниците кои прекинале бил трипати поголем од порастот на анксиозноста кај учесниците кои повторно почнале да пушат. Значи, успешно прекинување на пушењето води до значајно намалување на анксиозноста, додека неуспешно прекинување води до умерен пораст на анксиозноста.

Кај учесниците со дијагностицирано психијатриско нарушување, за кои пушењето било главен начин на соочување со стрес, штетниот ефект на повторното враќање на пушењето било поголемо, како и позитивното влијание на успешното прекинување со пушење во однос на учесниците кои пушеле од задоволство.

Добиените резултати се од големо значење, затоа што покажуваат дека прекинувањето на пушењето не го активира стресто и анксиозноста, туку тоа е неуспехот во обидот да се прекине со пушење. Со тоа е негирано широко распространетото мислење дека пушењето цигари ја намалува анксиозноста. Таквите заблуди не се присутни само кај пушачите, туку и кај дел од научните кругови, што може да влијае на пушачите и да ги одврати од обидот да прекинат да пушат. Овие резулатати може да ги разубедат пушачите и да не се грижат дека со обидот за прекинување со пушење ќе ја зголеми аксиозноста.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот