Cѐ што сте сакале да знаете за сексуалниот живот на лилјаците

Многу од лилјаците имаат пениси со шилци, а науката која очигледно се занимава со пенисите на лилјаците уште нема одговор зошто е така. Според некои тези тие боцки служат за отстранување на спермата што може да се наоѓа во женските полови органи, а е од други лилјаци или можеби да може да го држи заедно парот кој се пари во лет. Друго можно објаснување е дека тие шилци се развиле заради уништување на половите органи на женските лилјаци со цел да не се парат со други.

Лилјак при сношај

Должината на пенисите на лилјаците варираат во зависност од видот на кој му припаѓаат, а земајќи во предвид дека има околу 1300 видови на лилјаци тешко е да се истражат сите. Должината е од 47 микрони до еден сентиметар.
Сепак теоријата дека пенисите на лилјаците се со шилци заради коитусот за време на лет не се доволно докажани затоа што од сите врсти постојат порно филмови со само 1% од нив, кој не едоволно да ги поркрепи овие тврдења. А голем дел од тоа порно се одвива на рамни површини. Сепак некои видови се впуштаат во сексуален акт додека висат на гранки, а забележано е и практикување на кунилингус. И фелациото не им е непознато на лилјаците.

Пенис од лилјак

Женките можат во себе да ја чуваат спермата и до 300 дена пред да се решат за фертилизација, а потоа можат и да влијаат на брзината со која се развива ембрионот. Затоа теоријата дека тие боцки се користат за чистење на спермата од друг мажјак изгледаат пореални.
За да ја зголемат можноста на продолжување на родот лилјаците ја собираат својата спрема па така тестисите сочинуваат 8.4% од нивното тело.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот