Бруталните раскинувања се најдобри раскинувања, според науката

Да се скрши срцето на некој – не постои вистински начин тоа да се направи, зарем не? Трик прашање: да ги натерате да ве остават со тоа што ќе се однесувате најнепријатно, најпроблематично. Двојно трик прашање: постои една друга опција, а која не подразбура десеткување на својот личен бренд .

Добрите луѓе од УНиверзитетот во Бригам Јанг во Јута ги истражувале опциите по пат на праќање на текстуални пораки: „Работите ти се на тротоар“. И откриле дека луѓето повеќе сакаат директност и отвореност од угладеност и двоумење. „Наеднаш кажаното: Раскинувам со тебе, можеби е и премногу дирекно...Но, потребен ви е само еден мал тампон во вид: „Мораме нешто да разговараме“ – само неколку секудни, значи, за другата особа да може да ја обработи информацијата дека и доаѓаат лоши вести“, објаснува Никол Амаре, една од коавторките на студијата и професорка за комуникации на Универзитетот.

Истражувачите понудиле на 145 учесници, два потенцијални начини да ја соопштат лошата вест за „односот“. Примерите подразбирале облици на хипотетичко, визулено, текстуално и вербално соопштување, учесниците потоа се замолени да оценат колку веста им била јасна, со увид, дирекна, ефикасна, искрена, конкретна и разумна.

Воопштено гледано, колку што веста е полоша, би требало да употребите помалку зборови да ја соопштите. Со други зборовим само кажете го еднаш: „Ако куќата ви гори, сакате само да знаете и да бегате.“ заклучува професорот по лингвистика Алан Манинг.

А сега станете од интернет и ефикасно скршете го срцето на некој/а.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот