Бројот три

“Науката не е само нешто што ја објаснува природата, таа е дел на онаа меѓуигра помеѓу природата и нас, науката ја опишува природата онака како што е таа изложена на нашиот метод на испитување“, напишал пред точно 50 години славниот германски филозоф и физичар Вернер Хајзенберг, добитник на Нобелова награда, еден од основачите на квантната механика и несуден творец на нацистичката нуклеарна бомба, со длабоко право раздвојувајќи го светот, нашето математичко поимање и науката на три целини.

Сосема случајно, тројката е единствен цел број кој се наоѓа помеѓу Ојлеровиот број, кој најдобро го симболизира математичкиот универзум и Лудолфовиот број, кој во безброј процеси го карактеризира оној реалниот.

Претерано е да се каже дека тројката ја карактеризира целата човекова мисла, но речиси нема област во која работите и појавите не се поделени на три целини. Почнувајќи од матријархалните големи божици, кои се јавувале во три форми - мајка, жена и ќерка, преку поделбата на Платон на три делови на душата, па преку цела низа на филозофски, религиозни и научни поделби, се со христијанската поделба на Отец, Син и Свет Дух. Врз основа на оваа богословска поделба, тројката има тежина на национален идентитет кај некој народи.

Од друга страна, модерните општества, многу силно симболично се потпираат на трите достигнувања на Францсуката револуција: слобода, еднаквост и братство. Како што живиот свет е поделен на три кралства -археи, бактерии и еукариоти, а ѕвездите на елиптични, спирални и ирегуларни, така и научните закони често одат во тројки: од оние на Њутн, до законите на роботиката на Асимов.

Има всушност нешто во самото сфаќање на поимот на броење кои го врзуваме за тројката. Децата во своите игри постојано бројат до три, а секогаш кога се одбројува за предупредување се прави до три. Во правописот, користиме три точки за да го означиме мноштвото кое следи. Тука се трите димензии на евклидовиот простор, а три точки во геометријата се доволни за да опишеме круг или рамнина.

Арапаската цифра на бројот три во својот лик прилично ги сочувала трите хоризонтални црти кои се користени во древната Индија. Подоцна на Старите Римјани наводно им било досадно, кога ја пишуваат четворката да продолжат со пишување со своите големи црти, па тројката останалла последен број кој се запишува онолку колку што вреди. Но, тројството, секако не подразбира единство само по себе.

Помеѓу илјадниците суеверија испреплетени околу тројката, урбаниот обичај дека тројца истовремено не можат да запалат цигара се смета дека потекнува од Првата светска војна. Првиот кој ја пали цигарата непријателите можат да го забележат. на вториот ќе целат, а третиот ќе го убијат. Затоа, кога ќе одброиме третиот секогаш страда, како третиот во љубовен триаголник или трето доба. Трет сталеж. Трет свет.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот