Bо која фаза од животот си според џемперот што го носиш

Џемпер кој може да го облече и кукла

Имаш помалку од една година и ако можеш да го читаш ова пријави се како вундеркинд. Ти претстои одлична иднина!

Шарени џемпери

Се носат над возраст од две години.Ти ги одбираат родителите за нивна забава. Кога ќе пораснеш се прашуваш дали се далтонисти

Тегет џемпер со лого

Се носи од почнувањето на школо се до матура. Во повеќето школи. Кога ќе матурираш му го даваш на дедо ти со одшиен амблем на школото, да му се најде.

Розев џемпер на V

Честито вработување во државна служба! Овој вид на џемпери е омилен кај таканаречените млади административци. Од една страна ја покажува нежноста на битието кое го носи, од друга страна покажува модна освестеност и феноменални способности на комбинирање на розев џемпер со розева кошула.

Џемпер со патент

Веќе си во доцните дваесети. Сивиот џемпер со патент и вертикални пруги ти дава посериозен изглед кога е искомбиниран со бела кошула и очила со дебела рамка.

Џемпер со баклави

Веќе во средината на 30-тите почнуваш да го запоставуваш својот изглед па така со џемперот со баклави и покачената телесна тежина изгледаш како излог од слаткарница. Би ги бркал децата кои ти дофрлуваат „Чичко колку баклавите?“ да беше под 100 килограми.

Темни џемпери

Почетокот на четириесетите. Сакаш да изгледаш како човек со стил, но обично изгледаш како член на бенд за свадби кога свири во полузатоплена сала.

Розев џемпер, реприза

Во почетокот на 50-тите те удира мислата дека толку е од животот. А сметаш дека уште не си за фрлање. Се фарбаш, купуваш розев џемпер и почнуваш да излегуваш. Само овој пат розевиот џемпер го носиш почесто врзан за ракави околу врат. Од непознати причини.

Џемпер со копчиња

Конечно си пред пензија. Во фирмата важиш за поштен и ценет работник кој има стаж колку целиот оддел за човечки ресурси што има години заедно. Не знаеш што после пензија ама се радуваш на часовникот што ќе го добиеш. Овие џемпери, ако имаш среќа, ги носиш до смртта.

Џемпер со ирваси, Дедо Мраз, елки

Имаш над 80 години и внуците се зафркаваат со тебе. Не дека ти е гајле. Те облекуваат така за да им си забавен кога ќе го преспиеш цел Божиќ на фотелја.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот