Бизаpни спортови од минатото

Скок во далечина со коњ

Многу спортови се комбинација на повеќе идеи чија цел e да дадат возбудлива спој како за натпреварувачите така и за публиката. Еден од таквите концепти е и скокот во далечина со коњ. На почетокот имало големо интересирање за овој спорт па бил и официјална дисциплина на Олимписките игри во Париз 1900-та. На тие игри постоела и дисциплина скок во височина со коњ.


Возбудливоста на ова натпреварување опаднала поради слабите резултати. Добитникот на златниот медал успеал да постигне скок од 6,1 метри, додека за сребро биле доволни само пет метри. Денешниот рекорд во скок во далечниа, без коњ, е 8.95 метри.

Трки со желки

Иако и денес постојат трки со желки како занимација за децата, во минатот тие биле сфаќани посериозно. Се користеле голем желки, а често имало и деца кои ги јаваат желките како џокеи. Овој спорт пред стотина години привлекувал многу посетители.

Фрлање лисици

Во седумнаесети и осумнаесети век кога аристокраијата не ловеле тие ги фрлале лисиците како спортска активност со креативно име “Фрлање лисици“. Спортот беше тимски па така двајца играчи ја фаќаа лисицата на по едниот крај и ја фрлаа во височина. А да... Се користеа живи лисици кои претходно натпреварувачите требаа да ги фатат. Рекордот во овој спорт е 7 и пол метри.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот