Битолски ендемски видови

Различни теми поминаа низ моите колумни. Различни „ликови“ се провлекоа низ нив. Различни ситуации на сите тие „ликови“. Секоја тема и секоја „личнот“ – автентични. Но денес, гласно ќе размислувам за една ретко автентична група на ликови, поточно редок ендемски вид. Редок ендемски вид на битолчанец, кој се поретко се среќава на старата улица „Маршал Тито“, денешна надалеку позната „Широк Сокак“.

Ендемски вид No. 1 – Битолчанец без пластично лажиче во устата

Тоа е еден редок, атипичен пример за битолчанец, кој и покрај тоа што пиел кафе во 12 часот на „Широк Сокак“, масата ја напуштил без бело, пластично лажиче во устата. Овај вид полека се губи и е во „изумирање“, а за тоа покажува и фактот што продажбата на пластични лажичиња е драстично зголемена, а газдите на кафичите се жалат за нивната неумерена искористеност. Истите најавуваат мирен протест на плоштад „Магнолија“, со симболичен слоган „Рециклирај ја пластиката“.

Ендемски вид No. 2 – Битолчанец кој се движи по „Широк Сокак“, без да разговара на мобилен

Уште една загрозена група на граѓани, која со галопирачко темпо исчезнува. Оваа категорија на битолчани, при нивното движење по битолската главна артерија, мобилниот телефон го чуваат на безбедно место (ташна, ранец, џеб...), рацете ги движат слободно во тактот на нивниот чекор, додека пак нивната глава се врти од еден кон друг кафич и слободно се поздравуваат со познаницитe.

Ендемски вид No. 3 – Битолчанец кој редовно остава напојница/бакшиш на келнерот

Легендата кажува, дека некогаш, во некој битолски кафич, муштеријата задоволен од услугата, остави 50 денари бакшиш на младиот келнер, од кој бил послужен. Но тоа е легенда, која се пренесува од колено на колено. Се претпоставува дека оваа категорија е одамна исчезната, а остатоци од истата се среќаваат многу ретко. Но доклоку истите се сретнат, тоа се случува во нокните клубови и при конзумирање на одредени количини на алкохолни пијалоци. Следното утро, кај оваа мутирана форма на ендемски вид број 3, се јавува т.н. „Фаза на каење“.

Постојат и други ендемски битолски видови, како битолчанецот кој не помина со својот пресно „нашминкан“ автомобил, во 12 часот во сабота пред „Епинал“, или битолчанката која веднаш му одговори на смс пораката на својата симпатија... Но, тоа се ретки видови, кои токму поради нивната единственост, се асимилираат во масата и стануваат Идентични.

Уморни од секојдневието, од едноличноста, од истоветноста, од безразличноста, уморни од идентичноста, се радуваме на секој ендемски вид, и со нетрпение го очекуваме секој следен, единствем и редок ендемски вид.

 

Полина Ѓорѓијева

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот