Бесот на интернет може да ве направи уште погневни

Новите истражувања покажаа дека ослободувањето од бесот преку пораки, коментари на социјалните мрежи или допишувањето може да спротивен ефект од посакуваниот т.е. може да не направи уште погневни. Најзагрозени од ова се оние кои оставаат анонимни коментари се наведува во истражувањето.

“Тоа што нешто ќе ве направи да се чувствувате подобро не значи дека е здраво за вас“ – тврди Бред Бушман од Универзитето во Охајо.

Во истражувањето кој го направил во 2002-ра тој поделил група од 600 студенти на три подгрупи. Првите 200 добиле задача да удираат во боксерска вреќа мислејќи на нивните критичари, втората подгрупа удирала во боксерска вреќа концентрирани на помислата дека ќе се во подобра форма додека третата подгрупа едноставно седеле две минути во мир и тишина.

Резултатите се следни: најагресивни биле студентите од првата подгрупа кои после удирањето на вреќата биле уште погневни. Према истражувањето на “Вол стрит журнал“ во прашање е бес кој го вадиме од себе пред да се смириме, а одговорите на тој бес можат дополнително да не изнервираат.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот