Авторот на ''Рик и Морти'' со совети за животот со депресија

Ден Хармон го познаваме како мозкот кој стои позади паметните и откачени серии како „Рик и Морти“ и „Заедница“. Неговите мисли можеби не засмејуваат кога ги слушаме или ги гледаме оживеани на екранот. Но, живото на Хармон не е само шега.

Постои тенденција на преклопување помеѓу комедијата и менталните заболувања, а кога станува збор за делење сопствени искуства со депресијата, Хармон ни малку не се воздржува. Така не изненадува што еден од неговите обожаватели му прати твит, барајќи совет за луѓето кои живеат со депресија:

„Имаш ли совет за живеење со депресија?“

Она што изненадува е дека Хармон му одговори многу опширно:

„Како прво: признај и прифати се што ти се случува, Свесноста е се. Се ставаме себе си под толкав притисок да се чувствуваме добро. Во ред е да се чувствуваме лошо. Можеби е тоа нешто во што си добар! Позанимавај се со тоа. НЕМОЈ ТОА ДА ГО ЧУВАШ КАКО ТАЈНА. Нека биде твое. Како капа или јакна. Твоите чувтва се стварни.

Како второ: труди се одново да се подсетуваш себе си дека чувтвата ти се реални, но  дека не се реалност. Пример: можеш да чувствуваш дека животот не значи ништо. Тоа е искрено чувсво. Важно чувство. ИСКРЕНО го чувствуваш, НО... дали животот има смисла? Тоа не е на нас. Фактите и чувствата: еднакви но поинакви.“

Тој сподели и некои солидни совети за секој на кој нешто му значи „Ваба, лаба, даб, даб“ на Рик – за што фановите ќе знаат дека на птичји јазик значи: „На големи маки сум, те молам, помогни ми“.

„Најважна работа која можам да ти ја кажам е, те молам, немој сам со тоа да се бориш. Кај исфрлувањето на чувтва од себе си, постои некоја неверојатна, чудесна магија. Дури и на парче хартија да напишеш „сакам да умрам“, а потоа го запалиш, ќе се чувствуваш многу подобро, отколку сам да размислуваш околу тоа. Магично е да се исфрли тоа од себе.“

„Мрачните мисли ќе одѕвонуваат низ ѕидовите на твојата глава, ќе се изобликуваат и ќе се зголемуваат. Кога ќе отовориш уста (или анонимен дневник, блог или бележник) тие мисли ќе излезат од тебе. Ќе се вратат, но мораш да ги ИСФРЛАШ. Да ги канализираш. Да ги приклучиш. Знам дека не го сакаш тоа, но обиди се.“

Социјалнте мрежи можеби на некој начин се штетни за нас – и тоа не само поради тоа што не соочуваат со ужасна импулсивност – но на сред тој хаос, емпатичниот одговор на Хармон е освежувачки пример како социјалните мрежи може да создадат некое чувство на зњедништво.

Ако и вие сакате Хармон да ви се обрати, можеби некои време, нема да ја имате таа среќа. Тој објави дека малку ќе одмори од Твитер.

„Уште еднаш малку ќе паузирам од Твитер, ќе се вратам кога ќе соберам доволно среќа за да можам да го натопам нашиот олтар, да и угодам на Птицата без очи.“

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот