Автори кои требаше да добијат cубвенции за нивното музичко творештво

Во една економија ориентирана само на профит државата мора да интервенира во зачувувањето на правите вредности со субвенционирање на жанрови и музички дела кои немаат можност да бидат комерцијални хитови, а треба да се зачуваат за идните генерации да знаат како сме живееле и да им го оставиме како уметнички аманет. Така и оваа година врвни уметнички творци и дела од нашата држава добија финансиска, но поважно и морална поддршка од буџетот на републиката, што значи и директно од сите нас да продолжат да создаваат уметност необременети од финансискиот аспект на создавање на музика. Меѓу музичката авангарда која доби ветар во едрата од сите нас се наоѓаат бардовите и столбовите на нашата сцена како Кико творец на веќе антологиската Д рингла сонг, Џентлмен за кој претпоставуваме дека се уште издава на винил или касета затоа што нема никаков запис на познатиот интернет сервис Јутуб, најпознатото дуо после Ленон/Мекартни – Силви бенд, Два Бона за еден повеќе од еден бон... Сепак и покрај субвенционирањето на овие круцијални дела за културниот и духовниот живот на еден народ чувствуваме дека има помали парчиња кои го сочинуваат тој колоритен мозаик, а се изоставени, ненамерно. Затоа еве неколку песни и изведувачи кои би требало да ги поддржиме за наше добро и афирмација на културата како најдобар амбасадор на еден народ.

Во категоријата “Песни за расплод“ или “Песни за трето дете“ би морал да се најде врвниот изведувач Денис Екс со неговиот магнум опус “Таа се ебе со сите“. Иако песната судејќи по насловот е за дама на која моралот најблагоречено не и е најјака страна сепак со внимателна анализа на текстот, кој и изваден надвор од музичкиот контекст може да стои како посебно лирско дело, сепак таа има љубов кон само еден. Двојната придобивка е тоа што поради коитусот со повеќе претставници на посилниот пол дамата има поголеми шанси за зачнување, а моралната поука е дека сепак победува моногамијата.

Друга песна која би помогнала за правилен раст и развој на младината и насочување кон многудетно семејство е и андерграунд хитот на Дарко со двосмислен наслов “Дај да ти се качам”. Во музичкава нумера Дарко е фасциниран со девојка која чита на балконот од што можеме да заклучиме дека и тој е љубител на пишаниот збор. Иако избраничката на неговото срце вози стара Шкода сепак чувствата го победуваат материјализмот и тој се уште сака да и се качи.

Во категоријата “Царство на другарство” песната на вокално иснтрументалниот состав Деоксирибонуклеинска киселина попознати како ДНК со синглот “Спонзоруша“ се неправедно запоставени од надлежните институции чија функција е да слушаат песни и да проценуваат дали тие добро влијаат на опшествените текови. Во песната едниот дел од дуот западнал во друштво на дама која за примарна цел ја немала неговата љубов ниту основањето на семејство со жртвата туку прибавување на материјална корист во вид на пари и стокова роба. Другата половина од дуото му го предочува ова врз база на нејзиното однесување на кое бил сведок во диско клуб. Сепак и покрај сведоштвото тој не му верува на својот другар се додека не е целосоно материјално руиниран и емотивно истоштен. Поука bros before hoes.

Во делото на “Сексуална едукација на младите“ државата како мецена на урбаните трубадури би требало да му помогне на Били Звер во своите донкихотовски напори да ги навикне младите да користат презерватив во случај на коитус. Неговата “Носам кондом“ е ода за протекцијата од несакани сексуално преносливи болести кои можат да варираат од благо чешање до бавна и болна смрт. Во основа се сведува на тоа ако не сакате болна и бавна смрт слушајте го Били Звер.

Во напорите Македонија да стане земја на земјоделието, овоштарството, виновата лоза и одгледувањето на аронија треба да има и музички придонес од нашите уметници во постигнувањето на нашата цел. Затоа се погрижиле постарите генерации, кога земјоделецот бил фрлен на маргините тие се труделе со песна му го одржат моралот да истрае во својата работа на облагородување на рамниците. Затоа за животно дело би требало да добијат паречен надоместок можеби и некаква работа квартетот “Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ за песната “Ристо трактористо“ кој опева тракторист кој е толку уморен од орањето до зора што веќе има изгубено претстава до каде е неговата нива па сака да ја изора и урбаната населба во чија близина живее.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот