Авиокомпаниите ќе служат храна против стрес

Британската авиокомпанија Монарх Ерлајнс на своето мени почна да служи посебна храна која треба да го смали стресот кај патниците кои се нервозни кога летаат. Храната за жал не е Дијазепам и ракија.

За да го постигнат ова тие го ангажираа професорот Чарлс Спенс од Оксфорд (нешто ко Баба Рада само со школо) кој состави мени на кое има намирници кои можат да влијаат на расположението на патниците.
А кои се тие намирници кои можат да влијаат врз расположението сигурно се прашувате... Авиокомпанијата ќе служи колачи од ориз зачинети со лаванда кои се одлични за опуштање, зелен чај, мешавина од билен чај, кекс од морски алги, пецива со умами тесто (шо и да е ова) и енергетски плочки со сос од печурки и домат.

Од авиокомпанијата покрај ова играат и на картата на психолошко отргнување од мислите на уплашените патници со тоа што ќе служат црн сладолед затоа што црно воопшто не потсеќа на погреб и запален авион.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот