Атлантиди на нашето време: Најубавите потопени градови на планетата

Морничави крстови кои излегуваат од вода, едвај видливи темели и 'рѓосано железо, красат многу од некогаш просперитетните места.

Поголемиот дел од овие градови се потопени за да се обезбеди вода и струја за некоја растечка популација. И додека дел од нив се демолирани пред да се поплават, други останале недопрени, а нивните морничави појави и денес предизвикуваат морници кај посетителите на овие интересни локации.


1. Потоси, Венецуела

Гратчето Потоси, напуштено е во 1985 година, кога властите одлучиле во близина да изградат хидроелектрана. Мештаните ги препуштиле своите домови на водата и во наредните 20 години, единствено што можело да се види од градот бил крстот на црквата која била највисока градба во местото.

Меѓутоа, до 2010 година водата почнала да се повлекува и Потоси од тогаш почнал да излегува на површина. Готичката црква повторно е видлива, и покрај ерозијата и влагата поради кои изгледа како да е стара неколку векови.


2. Курон Веноста, Италија

Единствената кула која го обележува ова некогашно село, денес се наоѓа под езерото Лаго ди Реси. Алпското место потопено е по крајот на Втората светска војна, кога властите одлучиле да спојат три езера во едно и да подигнат хидроелектрана. Пред потопувањето, 163 куќи и 1300 ари овоштарници се прекриени со песок, а кулата намерно е оставена како спомен. На зима, кога површината на езерото ќе се заледи, до неа може да се стигне пешки.


3. Виларињо де Фурнас, Португалија

И ова гратче го доживеало својот крај поради хидроелектрана. Португалското село кое постои од времето на Римското царство, било дом на околу 300 луѓе, пред да биде потопено во 1972 година. Интересно е дека земјиштето и понатаму припаѓа на потомците на сопственикот, чии куќи се појавуваат од време на време, кога нивото на водата во резервоарот ќе опадне.

Виларињо де Фурна било специфично село, затоа што неговите мештани живееле во систем наследен од Визиготите. Имено, секое семејство имало по еден член претставник на таканаречената хунта, односно совет на старешините на селото.


4. Џал Махал, Индија

Водената палата во Џајпур се наоѓа во центарот на езерото Ман Сагар. Никој не знае каде точно е изградена, а се претпоставува дека е стара најмалку 300 години, затоа што сигурно е изградена пред браната која се наоѓа денес на езерото. Првите четири ката на палатата се потопени, а кога нивото на водата е високо, на површината се гледа само последниот кат. Палатата е реновирана за посетители и осветлена навечер.

5. Вила Епекуен, Агрентина

Туристичкото село изградено во дваесеттите години на минатиот век било во својот полн сјај во 70-тите и дом на 5000 луѓе. После тоа, од година во години, поради обилните врнежи се полнело блиското езеро кое во 1985 година ја пробило браната и го потопило целото место. Дури во 2009 година селото испливало, а две години подоцна се вратил првиот и единствен жител.


6. Ши Ченг, Кина

Еден од најневеројатните археолошки локалитети на светот се наоѓа под површината на кинеското езеро Кјандао. Градот на лавот или кинеската Атлантида, како што го нарекуваат, настанал за време на владеењето на династијата Хан, помеѓу 20 и 200 година. Локалитетот се простира на површина еквивалентна на 62 фудбалски терени.
Непроценливите релјефи и статуи сепак не го спасиле градот од потопување во 50-тите години, кога е изградена браната. Сепак, и денес Ши Ченг ги привлекува туристите, поточно нуркачите, на кој древните остатоци им се една од омилените атракции.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот