Антиваксери, Масони, Нов светски поредок и друге пичкематерине (или во што веруваат антиваксерите)

Сигурно на Фејсбук имате пријатели (кои се нормално вакцинирани од нивните родители) кои пуштаат линкови од novisvetskiporedak.rs каде што некој од спалната ги знае сите тајни завери на фармакомафијата и нивната поврзаност со Масоните како сакаат да ги уништат од сите, баш вашите деца? И споделува линкови како ракот се лечи со мед и лимон? Епа според науката не се тие криви што се такви.

Според науката (ако под наука ги ставиме истражувачите од Универзитетот Квинсленд од Австралија) антиваксерите се склони кон теории на заговор. Ова го прават истражувачи платени од Илуминатите да ги оцрнат антиваксерите ама ајде да видиме што сакаат да кажат сотоните.

Истражувањето покажало дека најголем дел од антиваксерите веруваат во Новиот светски поредок, дека нападите на Кулите Близначки се местени и слични работи. И некои од вас ќе помислат дека се работи за необразовани луѓе. И тука ќе се заебаат. Нема никаква поврзаност помеѓу образованието и борбата против вакцините.

А сега еден дел кој сите го знаеме ама мораме да го напишеме за да изгледа подолг и поверодостоен текстот.

Аргументите немаат никакво влијание врз антиваксерите. Отпорни се на факти. И не само што се отпорни соочени со сите истражувања за вакцините и нивната значајност во искоренувањето на болестите тие ги користат истите истражувања во полза на нивните верувања.

Австралијците пробале и да најдат начин како да ги убедат антиваксерите да ги вакцинираат своите деца. Најефикасен начин според овие убедувања со антиваксерите е наспроти нив да седне доктр и да им признае дека навистина постои теорија на заговор од страна на фармакомафијата и Масоните, а потоа да им ги објасни сите предности на вакцинацијата.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот