Ако не сте ни екстроверт ни интроверт можеби сте амбиверт

Конечно после многу долго време концентрираност и работа само на двата екстреми: интровертност и екстровертност, се повеќе време се насочува кон проучување на она што е во средината, а тоа е амбивертност, компактна мешавина на двете крајности. Особините на личноста екстровертност и интровертност се наоѓаат на континуум и речиси целото внимание е насочено на овие два краја. Денес психолозите се повеќе внимание посветуваат на заборавената категорија во средина – амбивертност. Досегашните наоди се дека луѓето кои ги имаат овие карактеристики на личноста имаат одредени предности во професионалната и персоналната адаптација.

Научниците сметаат дека особините на личноста кои се наоѓаат на овој континуум се јавуваат од раѓањето и траат целиот живот, тешко се менуваат. На едниот крај се екстровертите кои тежнеат кон надворешна стимулација, сакаат да се опкружени со многу луѓе и да бидат во центарот на вниманието. Сакаат да разменуваат идеи со другите и често своите мисли ги формираат додека зборуваат. Кога се сами, им станува досадно и не знаат што со себе.

Интровертите од другиот крај се стимулирани од внатре. Тие повеќе сакаат времето да го поминуваат сами, со една личност или со мал број на луѓе. Се чувствуваат исцрпено кога се во гужва или во долга социјална интеракција. Внимателно ги собираат своите мисли пред да зборуваат.

Амбивертот ги има следниве карактеристики:

Социјална флексибилност – се чувствуваат пријатно и во друштво и кога се сами.

Добри се во комуникацијата – интуитивно знаат кога да зборуваат, а кога да слушаат.

Умерени во однесувањето – не се ни премногу љубезни ни премногу повлечени

Прилагодливост – немаат некој вообичаен начин на однесување, го прилагодуваат својот пристап  зависно од ситуацијата.

Амбивертните имааат особини на личноста и од интровертите и од екстровертите, но ни едни не се доминантни. Резултат на тоа е една добро балансирана и нијансирана личност. Тие не се особи кои ќе ви ги пробијат ушите, но не се ни целосно тивки и повлечени.

Амбивертните се движат помеѓу друштвеност и осаменост, зборуваат или слушаат внимателно и сето тое  е многу поприродно отколку кај екстровертите и интровертите.

“Амбивертите не даваат ни премалку ни премногу“, вели Адам Грант, професор по психологија  од Универзитетот во Пенсилванија и смета дека емоционалната сензитивност им дава на амбивертите единствена вештина корисна за родителство и брак.

Слабоста на амбивертните, според неговото мислење, е тоа што нив понекогаш им е тешко да знаат која страна на личноста да ја искористат во одредена ситуација. За разлика од интровертите и екстровертите кои знаат што ги стимулира, амбивертните не се толку сигурни. Тоа значи дека понекогаш ќе заглават.

Др. Грант предупредува дека амбиветните треба да обрнат внинание и на тоа да не заглават во улогата на интровертни или екстовертни. Треба да останат слободни. Исто така, останување на една или на друга страна може да го задушат амбивертот. Знаци за тоа ќе бидат досадата и замореноста. Затоа, др. Грант препорачува: “Ослободете го својот внатрешен амбиверт. Внимателно разгледајте ја секоја ситуација и запрашајте се себе:Што би можел/ла да направам за да сум посреќен/на, поуспешен/на?“.

Карл Јунг ги популаризира концептите на интровертонст и екстровертност во раните 20 -ти. Тој идентификувал и трета група, но не ја именувал. Дури во 1940 година терминот “амбиверт“ започнал да се користи меѓу психолозите.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот