Ако мислите дека сте паметни, накратко, не сте

Пред неколку месеци научниците од Јејл, го објавија истражувањето кое покажа дека поради интернетот, мислиме дека знаеме многу повеќе од тоа што навистина го знаеме. Кога имаме брз пристап на интернет, лесно можеме да се залажема дека сите тие информации се складирани некаде во главата.

Но, дури и ако сами не забележувате дека помнењето помалку ви заминува благодарение на “предностите“ на смартфоните, многу повеќе добиваме од таа лесна достапност на информации, зарем не?

Па и не баш.

Имено, овој феномен на достапност на информации претставува голема опасност за општеството, истакна авторот на истражувањето Мајкл Фишер. “Кај некои професии ние сакаме луѓето да го поседуваат сето потребно знаење, а не дека овозможуваат само лажно чувство на знаење.“

Во серија на експерименти се покажало дека пристапот на интернетот може да предизвика луѓето да го преценат своето знаење. Така, во еден експеримент учесниците требало да одговараат на низа прашања со помош на интернет, додека другите на исти прашања одговарале без интернет.

После тоа, сите учесници биле запрашани колку точно можат да одговорат на низа на целосно поинакви прашања, но без помош на интернет.

Оние кои во првиот круг користеле интернет биле целосно самоуверени и го прецениле своето знаење, посебно во споредба со другата група.

Авторите на истражувањето заклучиле дека пристапот на интернет кај луѓето создава чувство дека онлајн информациите се своевидно продолжение на нивните мозоци.

Но, ако не раздвојат од интернетот, можно е да почнеме да паничиме кога би откриле колку малку знаеме.

Затоа што, колку што е распространет интернетот, толку помалку внимание обрнуваме на стекнување на ново трајно знаење, кое би можеле да го складираме во мозокот.

Интернетот ни помага на многу начини. Но, сепак постојат некои лоши страни кои не се видливи на прва топка, а ова би можело да биде една од нив“, заклучува Фишер за истражувањето.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот