А збор на годината 2017 е...

Оксфордскиот речник секоја година избира збор на годината, а и оваа година не е исклучок.

Проблемот со зборот кој оваа година ја доби титулата “Збор на годината“ е што никој не го знае.

Процесот на изборот на “Мис Збор“ е доста комплициран, а зборот треба да го обележува духот на времето во кое живееме, но и промената на јазикот како жива материја.

И кој е збор на годината? Оваа година зборот е - Youthquake што значи „Значајна културна, политичка или општествена промена која доаѓа од работата или влијанието на младите“.

Споменуван често како името на Тито Петковски...

Или што би дошло кај нас - младотрес.

Интересно е, ако има нешто интересно во ова дека зборот youthquake е 400% повеќе употребуван во 2017-та отколку во 2016-та.

Прв пат овој збор е употребен уште во 1965-та година во Вог, а после повеќе од половина век станува збор на годината. Тоа е лекција никогаш да не се откажувате во животот.

Инаку конкуренцијата за збор на годината е исто очајна како и победникот. Ако не беше youthquake ќе беше некој од: Broflake, Unicorn или Milkshake Duck. Блаже Конески се превртува во гроб...

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот