9 начини како да се однесуваш ако ова ти е прв снег

СНЕГГГГГГГГГГГГГГГ! Бела прашкаста материја која е една од трите за кои полицијата нема да ти прави проблеми. Втората е првут и за неа нема да ти прави проблеми полицијата ама изгледа лошо. За првутот може да ти прави проблем фешн полицијата, но лесно можеш да се извадиш и да речеш дека круната си ја заборавил дома. Која круна? Па онаа што Тито им ја даде на американците...

Она што го кријат од учебниците по историја. ОСВЕСТЕТЕ СЕ!

Како и да е многумина се изненадени од снегот како да се студенти на размена од субсахарска Африка. А и јануари е, кој би очекувал да има снег. Како и да е еве насоки како да се однесуваш ако ова ти е навистина прв снег.

1. SNEKKKKKKKKKKKKK - Фејсбук статус

Да почнеме од почеток со грешките. Да го види ова Блаже Конески би добил нагони за повраќање. Ајде сега прво притисни alt па shift.

2. СНЕККККККККККККК

Тука би повратил Блаже Конески. Цела среќа што е умрен па не го гледа ова. Ајде сега смали доживување исклучи капс лок и првата с напиши ја со држење на копчето шифт.

3. Снеккккккккккк

Тука веќе му е мило што е починат на Блаже Конески. Ајде уште место “к“ стави “г“!

4. Снегггггггггггггг

Ок е. Го достигна нивото на писменост на дете од второ одделение кое не е баш најдобро на школо. Зошто е важно да напишеш статус во кој сите ги обавестуваш дека надвор врне снег? Затоа што според Заводот за статистика - Подрачна единица Трубарево дури 68% од твоите Фејсбук пријатели живеат во куќи кои се без прозорци и врати и твоите статуси им се единствен допир со светот. Ти текнува кога им честита Нова Година на 1-ви јануари во 14 и 37? Тие мислеа дека всушност тогаш е Новата Година и тогаш прославуваа!

5. Песни за снегот

Можеби ова ти е навистина прв снег, но не сакаш да познаат другите да не те мислат сељак. Затоа овој свечен чин можеш да им го честиташ и со песна. Еве кои се најчести песни за снегот па одбери една. Еве ги 5-те најпопуларни песни за снегот според Заводот за статистика од Демир Капија.

Dean Martin - Let it Snow!

Red Hot Chili Peppers - Snow (Hey Oh)

Dethklok - I Ejaculate Fire

Nick Cave - Fifteen Feet Of Pure White Snow

The Rolling Stones - Winter

6. Слика од снегот

Се разбира дека сакаш и тие 68% од твоите Фејсбук пријатели кои немаат прозорци и врати дома според Заводот за статистика од Трубарево да уживаат во снегот и да го доживеат онака како што ти го доживуваш. Тука имаш повеќе пози со кои можеш да им го разубавиш денот:

- Твоите чизми во снегот

- Дрворед накитен со снег

- Мал снешко кој си го направил

- Твоето куче во снегот

- Чаша кафе на прозорец низ кој се гледа снег (ако си од тие 32% среќници кои имаат прозорец)

- Градба или дивоградба во снег

7. Немој да им го честиташ снегот по СМС

Иако можеби поради возбудата ова ти изгледа како логичен чекор сепак македонската традиција не познава вакви честитки. Воздржи се од честитање на првиот и вториот и колку да има снегови во годината преку СМС.

8. Облечи нешто топло на нозе

Тука не е до традиција туку до здравјето. Прв снег ти е, можеш да погрешиш и да ставиш сандали или нешто слично, а ваква грешка ќе ја платиш со здравјето или со станување на меме на интернет што пак ќе ти влијае на здравјето. Во секој случај ќе го фрлиш здравјето. Затоа облечи чизми кои од долу имаат вдлабнатини затоа што на снегот може да се лизга.

9. Кога сме кај здравјето

Не јади снег. Не јади бел снег затоа што во него има штетни материи кои ги има во воздухот и не јади жолт снег. Ако до сега не знаеш зошто не треба да јадеш жолт снег не би да ти го расипуваме совршениот свет во кој живееш и да ти кажеме какви се луѓе има. И Дедо Мраз постои.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот