8 причини зошто декември е најлош месец да си сиромашен

1. Планирање на Новогодишна прослава

Миа, Сиа и Киа ќе одат на Балеарските острови, Давид, Метео и Лео ќе одат на локација која не можеш да ја најдеш на мапата, а ти? Во најдобар случај ќе имаш уште малку од домашната ракија и 300 грама паризер за мезе. И ќе се надеваш дека на Сител ќе гостува Војче Китановски оти е пресмешен

2. Празнична еуфорија

Додека сите си купуваат нови парфеми, ајфони, паметни часовници ти се надеваш да земеш Первол за црни алишта и да ја освежиш гардеробата која ја носиш седум години

3. Истата гардероба

Имаш една јакна која е за температур под пет степени, малку скината и кога шеташ со неа позади тебе останува трага од пердуви која изгледа како да се случил маскар на гуски. Секаде се во исти чизми додека не стигне крајот на април. Еве ти мал водич како да изгледаш ок ако земаш плата помалку од 250 евра

4. Туѓата среќa

Додека дремеш на семафор (ако живееш во место во кое нема семафори уште пожална е глетката) поминува некое дете со автомобил кој вреди половина од твоето живеалиште. Ти се тресеш од студ, тој се тресе во ритамот на некој глупав рап...

5. Греење

Од минатата година од дрва и иверица ти остана само регалот од Југославија на кој ти стои телевизорот на кој пратиш телетекс. Оваа зима единствена шанса да се стоплиѓ ти е ако ти го огобрат кредитот или ако се смилуваат лихварите

6. Скијање

Најди си серии кои ќе ги гледаш кога сите ќе одат на скијање

7. Транспорт

Секаде мораш да се дивижиш со такси или автобус. Поминаа месеците кога можеше секаде да одиш пешки. Ако веќе мораш да одиш некаде стави си половина литар ракија во шише од кока кола и греј се по пат

8. Зголемено дружење

Сите кои цела година се избегнуваа овој месец сакаат да се видат, да се дружите, да излезете во кафана. А сето тоа се плаќа со пари, кои ги немаш...

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот