8 најчести причини за смрт во Македонија

Смртта вреба од сите страни што би рекол четничкиот рокер Бора Чорба. Истото е и во Македонија. Еден ден си тука, другиот ден си тука, наредниот ден јадеш портокал со СИДА и тука си уште неколку години ама во агонија. Како и да е во вкрстено истражување на Заводот за статистика при моџо.мк и Заводот за здравство и превенција на епидеми исто така при моџо.мк ги откри најчестите причини за смрт во Македонија. Резултатите ги презентираме преку оваа листа. Резултатите не се по редослед затоа што Заводот за сортирање на резултатите по редослед при моџо.мк го користи правото на одмор.

1. Фејсбук коментари

Во последно време социјалната мрежа Фејсбук стана воено поле на кое храбри воини наоружани со тастатури и преку методите на кирилица и latinica се борат за правдата и против неправдата. Ова модерно време раѓа херои кои допрва ќе бидат опеани во народни песни, нивните легендарни коментари ќе се пренесуваат од колено на колено и ќе будат сјај во очите на генерациите кои доаѓаат. Ама вероватно нема. Значи, да не должиме, една од најчестите прични за смрт е коментарот “ke te ubijam“.

2. Промаја

Еден од најстарите убијци на ова парче земја. Прв со научен пристап му пристапил валандовчанецот Димитар “Митре“ Мојсовски, македонски емигрант од добростоечко трговско семејство, кој студирал право во Виена, а подоцна станува и дописен член на Академијата на уметностите и науките на СХС. Тој во својата докторска десертација “Промаја: што науката знае за овој феномен и што треба да откриеме“ ги поставува темелите за научен пристап кон овој меѓу народот наречен “тивок убиец“. Генерации научници своите испитувања ги базираат на неговите тези, а од МАНУ се надеваат дека најдоцна до 2021-ва ќе имаат апарат кој ја неурализира промајата. Оваа цел е влезена и во визионерскиот проект “Македонија 2025“. До тогаш Бог нека ни е на помош, затоа што човек не може тука да помогне!

Историска фотографија од таблото на докторанити од 1904-та

3. „Јас те родив, јас ќе ти пресудам“

Со набљудување на биосистемот научниците одамна откриле дека мајките не секогаш се заштитнички настроени кон своите младенчиња. Истото научната мисла го забележала и во односот на македонската мајка кон своите млади посебно во случаите каде што не може да воспостави авторитет над својата рожба. На ваквиот однос замерки имаат и од Европската Унија кои сметаат дека со ова се крши правото на фер судење и дека во овој, 21-ви век, е недозволено да се постапува по мотото “Кадија те тужи, кадија те суди“. Кампањите на невладините организации кои го третираат овој проблем имаат мешани резулатати.

4. Ракометната репрезентација

Додека од фудбалската репрезентација на Македонија настрада само фудбалот, многу поопасна за здравјето и животот на граѓаните на Македонија е ракометната репрезентација. Здравствените ризици кои можат да настанат од овој фактор се забрзано биење на срцето, нелагодност во пределот на градите проследена со неможност да се земе воздух, грч во мускулите, обилно потење кое е несвојствено поради недостаток на физичка активност. Исто ко симптомите на срцев удар. Меѓу другите нуспојави можат да се појават и симптоми на мозочен удар кои се најчести после тесен пораз, а тоа се грчење на лицето (насмевка во смисла “добро е“ А НЕ Е ДОБРО ЗАТОА ШО МОЖЕА ДА ПОБЕДАТ), неповрзано зборување и губење на чуството за простор и време.

5. „hahahahahaha ke se ubijam“

И неискусно око на прв поглед ќе ги воочи дискрепанците во горенаведената реченица. Првиот дел е проследен со гласно смеење додека во вториот дел се искажуваат самоубиствени тенденции, она што во науката беше познато како манична депресија, а денес се калсифицира како биполарно растројство. Важно е на овие личности да им се помогне (прво затоа што сликата на која мачка е облечена како суши не е hahahahahaha и е максимум за haha) и да не настанат некакви повреди како што тие личности јасно највиле во својот коментар.

Не е толку смешно за hahahahahaha

6. „Се убив од пиење“

Ова е интересен случај кој не е доволно проучуван од науката ни од МАНУ. Тука е јасно дека смртта настанала од конзумирање на големо количество на алкохол, но она што е поинтересно и од духовен и од научен аспект е фактот дека духот не го напушта телото иако човекот тврди дека мината вечер се убил. И фактички наредното утро се однесува и изгледа како мртовец, но веќе после неколку буреци и кафиња организмот повторно покажува знаци на живот, а духот повторно комотно се вселува во телото.

7. „Ме умревте!“

Тука исходот е веќе познат од цитатот, но причините можат да варираат од резултатите на расплодот (децата) до капиталистичкото банкарство и вработените во кол центрите на истите. Во основа има широка палета на причини што можат да доведат до ваков исход, а во главно се базирани на погрешна проценка при проекцијата на надежите и желбите на субјектот што го умреле.

8. Портокали со СИДА

Жртвите од овој подол напад на ИСИС на нашиот народ допрва треба да се проценат од соодветните институции. А дотогаш научете се како да се заштитите ----->ОВДЕ<-----

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот