8 други ѓаволштини кои можеше да ги направи Диме Спасов место да гo земе далечинскoто од климата

Диме Спасов како и секој млад човек впрочем е помалку ѓаволесто дете кое сака забава што е и нормално, затоа што тоа доаѓа со годините. Сака сѐ што сакаат малдите - социјална политика, прошетки во странство и мали безазлени шеги. Последната од тие Диеви враголии е тоа што на неговата заменичка и ги зел далечинските од климите. Kids will be kids. Како и да е, ние смисливме уште некоја враголија ако Диме Спасов се врати во министерството може слободно да ги искористи без дозвола од авторот.

1. Ваков стикер на службеното возило

2. Потрошен буџет за годинава

Прекрасна шега би било ова. Нека си носи од дома кафе, тоалетна хартија, совежувачи за воздух, златни лажици и кавијар или што и да јадат министрите за време на паузата за ручек. Пресмешно би било. Да не може да оди на службен ручек туку да ги пречекува дома колегите од странство со она што останало од вчерашната вечера и чаша вода. Барем таму ќе им е пријатна атмосферата затоа што ги имаат далечинските од климата. Ако и ги нема земено и од таму.

3. Руско пенкало чие мастило се брише за некој час

*Официјално примопредавње на министерувањето*

- Повелете нова министерке ви купив еден пакет пенкала.

- Димче да не е некоја шега ова?

- Не министерке за вас се. (се смее под мустак)

После два месеци без социјално на социјлните случаи, плати на вработените, тотален крах на министерството влегува Диме.

- ХАХАХАХАХАХАХА.

4. Обиткување на цела канцеларија со негови слики

Порано во секоја канцеларија мораше да има слика од Тито. Една. Но зошто толкава скромност? Една ко ниедна. Вака обвиткана канцеларија со месеци ќе ја потсеќа на кој е канцеларијата, ќе гребе да ги извади сликите, ќе ги сонува... Пат до лудило!

5. Let's play a game

Иако сме сигурни дека е греота да се фрла ваков цртеж место да се однесе на наставничката по ликовно сепак за добра шега не се штеди.

6. Ова

Замислете го само во комбинација со точката два. Во министерството нема вода, вработените идат со стомниња и се случува ваков препад. Според сите медицински протоколи прва помош во ваков случај е вода и шеќер. Нема ни вода ни шеќер. НАЈДОБРА ШЕГА ДОСЕГА!

7. Конфузија кај непријателот

Од самолеплива хартија само се сече нешто што личи на мустаќите на Хитлер и се става на човечето од машкото вц со што автоматски тоа станува мамка за новата министерка која не знае каде се лоцирани вц-ата. ШОКАНТНО: Дали новата министерка е машко? (ФОТО + ШЕГА ХАХАХАХА).

8. Заледување на крвта

За дополнителна драма оваа инсталација оди со писмо ОВДЕ УМРЕ ДЕМОКРАТИЈАТА РИП ДЕМОКРАТИЈА

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот