8 авионски тајни кои треба да ги знаете

1. Сите дефекти не се поправаат одма

Авионите се прегледуваат пред летање арно ама ако има помали проблеми кои не влијаат на сигурноста не се поправаат одма оти кој ве ебе. Побитно е авионот да полета на време, а ако има време на пауза тогаш се поправаат.

2 Пилотот и копилотот јадат различна храна

И пред летот и за време на летот пилотот и копилотот имаат различна храна. Зошто? За ако храната не чини и им направи труење да не им се случи на двајцата па да има кој да го тера авионот. Сепак оваа пракса ја наупуштија многу компании.

3. Зошто не се пушат цигари во авионите

Вообичаено се мисли дека пушењето во авионите е поврзано со сигурноста. Епа не е. Порано во авионите се пушело најнормално ко во јавна администрација. Потоа компаниите сфатиле дека тоа им е трошок затоа што воздухот во авионот се филтрира, а цигарите побрзо им ги трошат филтрите. Ради скржавоста на компаниите не смеете да пушите во авион.

4. Мобилните телефони

Нема да го урнете авионот ако го оставите уклучен телефонт иако тоа може да им направи одредени пречки во сигналите на пилотите. Сепак нема да се урне. Според изјавите на некои пилоти ни тие не ги исклучуваат секогаш мобилните за да можат да лајкуваат слики од Семе Синапово додека летаат.

6. Вработените имаат попуст на карти

Не сите вработени, ако сте вработени на шалтер во Водовод немате, туку ако работите за авиокомпанијата. Неретко вработените имаат и скроз бесплатни карти и плаќаат само такси за летот.

6. Кога да купите наевтини карти?

Израдувајте го Влавот во себе. Картите се најевтини ако ги купите во вторник, среда и сабота.

7. Немојте да сте шупак

Општо во животот ама и за време на лет. Стујардесите признаваат дека повеќе се трудат околу патниците кои се љубезни.

8. Катанците на куфер се бескорисни ко мед за лекување на рак

Куферот може да ви биде отворен со обично пенкало. Перото е помоќно од катанецот, накратко.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот