7 величествени филмови на Ларс фон Трир

Breaking The Waves (1996)

Филмот е потресна драма со заплет кој звучи неверојатно. Одличната глума на ЕМили Вотсон на таквиот заплет се изнесува до крајот на посебен начин.

Таа овде глуми добра, наивна и грижлива сопруга на парализиран човек, која на негов бизарен наговор (со објаснение дека тоа ќе прави добро за него и неговата состојба) неволно, само да му угоди нему, почнува да води промискуитетен живот од кој и се гади.

Таа навистина верува дека со тоа му помага на својот маж, поточно, дека  Бог ги слуша нејзините молитви и напор, а нејзините пријатели се обудуваат да ја разбудат од самозалажувањето, погубните верски илузии и се потешката психичка состојба во која се наоѓа.

Телевизиската мини-серија The Kingdom (1994-1997)

Сувереното владеење со различните жанрови на данскиот режисер се докажува со оваа мини серија, со оригиален наслов Riget, која содржи осум епизоди, и која после успехот во неговата татковина е прикажувана интернационално.

Темата на серијата се мистериозни, натрпиродни настани во една болница. Поради атмосферата и вешто градената длабинска мистериозност, морничавоста и напнатоста на дејствието, таа се споредува со Твин Пикс на Линч.

Dancer In The Dark (2000)

Исландската пејачка Бјорк е во улога на Селма, чехословачка имигрантска во САД, самохрана мајка со слепило кое постепено напредува. Истата болест ја наследил и нејзиниот син. Селма едвај составува крај со крај, но неуморно работи во фабрика и штеди пари за негова операција.

Освен радоста во надежта дека нејзиниот син ќе биде опериран и ќе ја избегне нејзината судбина, таа е голем љубител на холивудскиот мјузикл, и бегот од реалноста го наоѓа во занислување на музички точки налик на оние од филмовите кои ги обожава.

Dogville (2003)

Овој филм е толкуван како остра критика на американското општество или на кашитализмот воопшто. Меѓутоа, тој пред се е морална парабола.

Основната тема на филмот е како луѓето во колектив се однесуваат кога им е дадена неограничена моќ над туѓите животи.

Според начинот на филмска обработка, Трир овде е повторно свеж и екпериментален. Филмот е снимен како театарска сценографија со намерно разголена театарска сценографија и единство на времето и просторот.

The Boss of it All (2006)

Овој филм секако не припаѓа на најпознатите дела на Трир, но оваа духовита и чудна комедија заслужува целосно внимание. Повторнос е работи за некои од омилените теми на данскиот режисер – човековите заблуди, манипулацијата во капиталистичкото општество.

Хуморот е суптилен, остар и забавен.

Antichrist (2009)

Ако задача на филмот се поставила идејта да се прикаже злото, тогаш филмот во целост го оправдува своето име, а Трир е повторно на висината на задачата.

Филмот изобилува со мачни сцени, морничава атмосфера, природа која е непријателска, накратко свет без Бог, добро и без разум.

Не се знае дали поради тежнението на режисерот да провоцира или внатрешна нужност, филмот има шокантни сцени на машка голотија, секс и насилство кои секогаш привлекуваат внимание.

Melancholia (2011)

Овој филм веројатно е стилистички најамбициозниот проект на Tрир. Филмот е најмногу исполиран од сите негови досегашни. Дали ќе го сметате за ремек-дело или за развлечен, претенциозен филм, е работа на лично доживување.

Џастин и Клер, се две сетри, кои последните денови од животот ги поминуваат на имотот на сопругот на Клер, затоа што на земјата и се приближува одбегнатата планета Меланхолија, која според астрономските просметки би требало да се судри со нашата планета.

Филмот меѓутоа нема никаква врска со популарните апокалиптични сценарија, и намерата ми е да го истражи и филмски да го обликува меланхоличното и депресивно расположение на протагонистката.

Режисерот  идејата за филм ја добил од сопствената борба со депресијата, за забелеѓката на неговиот терапевт дека депресивните луѓе полесно се соочуваат со лоши превидувања.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот