7 ситни лаги кои сте должни да престанете да си ги кажувате

Сите ние лажеме на дневно ниво. Од љубезност од потреба да ја заштитиме својата приватност, од потреба да пронајдеме изговор за она што не сакаме да направиме или го оправдуваме она што го правиме. Не можеме себе си да забранеме да лажеме, но можеме да бидеме свесни за своите мотиви и некои лаги кои навистина можеме да ги отфрлиме од употреба.

Ќе го направам тоа утре

Ти секако знаеш колку те мрзи да го направиш нештото било кога, или колку не сакаш да го направиш  и се надеваш дека утре ќе заборавиш. Но знаеш и кога е неопходно да направиш нешто што мораш и тогаш многу поконтруктивно е да смислиш нешто за да се мотивираш и наговориш, па поедноставно е да го одложиш за утре, со очекување дека утрешните обрвски и дневниот ритам целосно ќе го потиснат од твојот мозок.

Сеедно е

Никогаш не е сеедно и колку и да кулираш, само го таложиш она што ќе се случи пред или после и ќе стане набој и ќе се појави како проблем кој бара со него да се соочиш. Решавај ги работите и донесувај одлуки додека се уште ти е „сеедно“ односно додека не си многу вознемирен/а за тоа.

Слушам, слушам

Селективното слушање е веројатно способност која многу добро сте ја собвладалее, но кога навистина не слушате многу е подобро да кажете „ извини, одлетав со мислите, те молам повтори што кажа“, отколку да тврдите дека слушате, само затоа што се потпираш на својата способност да следиш и поврзуваш и кога не си слушнал добро.

Добро сум

Тоа воглавно е начин на некој да му ставиш до знаење да не го турка носот во твојата приватност и дека не сакаш да му се довериш, но дури и тоа може да се каже искрено и ненавредливо – не сум баш добро, но не сакам да зборувам за тоа.

Нема на никој да му кажам

Но тоа не е вистина, или ќе биде вистина некое време. Можеби нема од тебе да тргне разоткривањето на тајната, но кога некаде ќе го слушнеш она што си мислела дека само ти го знаеш, ќе им се придружиш на оние кои ветиле дека нема ништо да кажат.

Ќе го направам тоа кога малку ќе ослабам

Ако чекаш губењето на тежина да ти даде мотив и самодоверба, поголема е шансата дека ќе начекаш (или ќе се саботираш себе си) отколку навистина да го дочекаш моменто да преземеш некои работи поради постигнувањата на саканата линија.

Не сум љубоморен

Не, туку си свесен/на дека можеби немаш право да си љубоморна или немаш причина, но тоа ништо не помага. Рационализацијата на љубомората не е начин од неа да се одбраниш. Подобро признај си себе си дека си љубоморен/а, макар и многу да се срамиш поради тоа пред себе си.

Тоа целосно го надминав

Добро е да се охрабруваш себе си со позитивни мисли, но едно е спорно – оној кој целосно нешто надминал, обично нема потреба да се истакне на тој начин. Тој обично се преиспитува секој пат, за да се пронајде нешто заостанато, нешто што го боли и навредува, растажува, што му недостига. И обично го наоѓа, иако навистина ги надминал некои работи и тоа во најголема можна мерка.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот