7 погрешни толкувања на Ниче во филмовите и сериите

Фридрих Ниче е сигурно еден од филозофите кои се најцитирани во поп културата, и сигурно филозоф кој е најмалку цитиран како што треба.

Овде се обидуваме да ја исправиме таа неправда.

Способноста за заборавање во „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“ (2004)

За почеток, еден филм којшто ја погоди суштината на мислата на Ниче, дека животот треба да се живее, а не да се дави со наметнати вредности, о цитатот со кој се занимаваме, буквално е преземен. Се работи конкретно за цитат од делото „Од онаа страна на доброто и злото“ кој вели:

„Блажени се оние кои забораваат: затоа што тие излегуваат на крај и со сопствените глупости.“

Заборавањето во контекст на филмот има негативна конотација, додека кај Ниче, тоа било позитивно.

За него тоа е доблест во смисла дека го ослободува човекот од рамките и му дава шанса да биде добар. Сеќавањата можат да се парализирачки и да го одвлекуваат човекот од она што сака, наведувајќи го на тоа дека тој тоа го може.

„Она што нема да те убие, ќе те направи посилен“ во „Конан Варваринот“ (1982)

Ова е една од најпопуларните фрази на Ниче која се врежа во поп културата, без земање на контекстот во предвид.

Овој цитат е преземен од делото „Самрак на идолот“ а цитатот гласи:

„Од воената школа на животот – Она што нема да ме убие, ме прави посилен“.

Конан варваринот почнува со цитат од Ниче, со тоа имплицирајќи дека Конан е лик на Ниче, а со оглед на тоа што Оливер Стоун ќе го има уште на оваа листа, можеме да претпоставиме дека тоа и била замислата.

Присутни се и очегледни метафори, главниот антагонист се вика Дум (судбина, проклетство), а Конан завршува на Тркалото на страдањето.

Но, само затоа што Конан на крајот ќе стане крал и ќе ги надмине сите препреки, не го чини натчовек. Конан од точката на страдање не се избавил сам, туку бил откупен. Неговото страдање го туркало напред... Она што не го убило, го зајакнало. Но, ако  други луѓе не го упатувале кон неговата судбина, постои веројатност да не станел таков.

Реактивноста во „Вол Стрит“ (1987)

Еве го второто појавување на Оливер Стоун на листата.

Откако Бад Фокс успеа да ја сочува авиокомпанијата во која работи неговиот татко, доаѓа на работа, целиот восхитен од успехот што го постигнал, за да го дочекаат намуртени лица и совет: „Човекот гледа во амбис, но ништо не гледа во него. Во тој момент човекот го пронаоѓа својот карактер, и тоа е она што го држи подалеку од амбисот.“ Ова е вид на парафразирање на фрагмент од Ниче, од делото „Од онаа страна на доброто и злото“, кое гласи:

„Кој се бори со чудовишта, мора да внимава при тоа и самиот да не стане чудовиште. И ако долго гледаш во амбис, и амбисот гледа во тебе.“

За да се живее живот исполнет на вистински начин, според мислењето на Ниче, треба да се превреднуваат сите вредности и да се дејствува на тој начин да нема каење поради она што е направено. Некогаш тоа ќе бара свртување против самиот себе за на крај да се излезе како победник на долги стази.

„Вечното враќање“ во „Вистинскиот детектив“ (2014)

Раст Кол е детектив кој е повикан на информативен разговор за да им помогне на органите на правдата да расветлат случај на сериски убиец, кој потсетува на оној кој тој и неговиот партнер Мартин Харт го решиле пред 17 години.

Во петтата епизода, Раст вели:

„Зошто морам да живеам во минатото? Не сакам повеќе ништо да знам. Ова е свет каде ништо не е решено. Знаете како, некој еднаш ми рече дека времето е круг. Се што сме направиле било кога, или ќе го направиме, ќе го правиме повторно и повторно.“

Постојат теории за вечното враќање, како теорија за времето по која, ако времето оди бесконечно во една или друга насока, значи деја во еден момент секој момент ќе мора да се повтори (како низа на броеви кои одат до бесконечнот) и така во бесконечност. Меѓутоа, ништо од тоа за кое што Ниче пишувал.

За вечното враќање на истото, Ниче се занимава во своето капитално дело „Така зборуваше Заратруста“, а конкретен дел што се однесува на вечното враќање се наоѓа во Загонтеката во која то се искачува по патека додека на грбот му седи џуџе,за во еден момент да се одважи да му се спротистави на џуџето. Заратруста наего му го кажува својата визија за времето, која се вика „Момент“ и до која водат два патишта, еден кој оди во бесконечност назад и еден којшто оди во бесконечност кон горе и двата се сретнуваат во „Моментот“ и се противречни еден со друг.

Заратруста го поставува прашањето дали двата патишта се вечно противречни или образуваат круг, кога џуџето ќе рече:

„Се што е рамно лаже! Секоја вистина е совиена, само времето е круг!“

Вечното враќање на истото би било гледање на секој момент како момент на одлука кадее треба да се рече: „Сакам уште еднаш“, со цел ако го живееме животот којшто треба да го живееме, без каење, тогаш би сакале се да проживееме повторно и повторно и со она лоштп што сме го доживеале попат, затоа што водело кон тоа во овој даден момент на одлука да се чувствуваме задоволно со својот живот!

Сите вредности, треба да се превреднуваат, затоа што самиот живот, сам по себе, нема вредности.

Смртта на Бог во „Сопранови“ (1999-2007)

Во втораата сезона на Сопранови, синот Тони, Антони Сопрано, во школо ја добива за лектира Странецот, на Ками, па меѓу останото се сретнува и со Ниче, чуу идеи оставаат впечаток на младото момче чии погледи на светот стануваат нихилистички.  Во таа епизода, Тони Сопрано сака да го крсти својот син на кој таа идеја не му се допаѓа, синот одговара: „ Не е дека нема бог, само е мртот“. Ова е парафразирање на дел од предговорот на Заратруста и афоризмите од Веселата наука... Парафразирање кое е банално во своето толкување.

Смртта на бог, кај Ниче се однесува на пропастот на метафизиката ) втемелена на животот со „мета“ позиција, вреднувајќи го животот, поставувајќи се над него) и пропастот на европскиот морал.

Тоа најдобро се отсликува во афоризмот од Весела наука во кој, Лудиот човек го бара со фенер бог, на пазар каде што никој жив не верува во бог. Сите почнуваат да го исмеваат на што лудакот одговара:

„Каде е бог? Јас ќе ви кажам! Ние го убивме, вие и јас! Сите сме негови убијци! Но, како го направивме тоа? Како можевме да го испиеме морето? Дали не лутаме низ бесконечното ништо?“

Ниче го застапува гледиштето дека животот за него нема вредност затоа што ја нема ни таа мета позиција, животот постојано постанува или се одмотува. Како таков, не е конечен па според не може да се опфати во целост ни да му се наметне вредност. Вредности нема.

Натчовекот во филмот „Јаже“ (1948)

Брендон и Филип, инспирирани од предавањата за Ниче, го лишуваат до живот, својот колега од факултет, Дејвид, за кој сметаа дека е „помалку вреден“ во однос на нив. Во неговиот стан се организира журка и ги повикуваат сите најблиски на Дејвид за да посведочат з совршеноста на нивното злосторство. Луѓето се собираат, разговорот оди по свој тек, кога оддеднаш доаѓаат на тема на убиството како вид на отстранување на „инфериорни суштества“.

Кога таткото на Дејвид поставува прашање кој себе си дава право да каже дека е инфериорен некој, а друг не, Брендон му одговара дека тоа се оние кои се привилегирани да вршат убиство, а тоа се луѓе со „интелектуални и културолошки супериорност, кои се над традиционалните морлани вредности. Доброто и злото, правиот погрешен пат се создадени за обичниот човек, инфериорниот, затоа што него му се потребни.“ Прашањето кое таткото го поставува е дали тогаш се согласува со теоријата на Ниче за „теоријата на суперменот (натчовекот)“ и заклучува дека со тоа мислење се водел и Хитлер.

Ова е опасноста од селективно земање на мисли и банално толкување на истите. Патот на човекот кон најдобра верзија на себе си во никоја смисла не повлекува со себе и отстранување на оние кои не се исто делотворни. Активниот субјект тежнее да биде најдобар можен и да се оствари на тој начин,па не дозволува пасивните да го спречуваат во неговата цел, но никаде не се имплицира на отстранување на „инфериорните“.

Банализација на „Волјата за моќ“ во „Триумфот на волјата“ (1935)

Што е она што активниот субјект го турка кон дејствување? Неговата волја или како што Ниче ја нарекува „волја за моќ“, иако тоа е незадоволителен превод, затоа што оригиналното значење приближно е повеќе кон „волја кон моќта“. Оваа волја имплицира дека постои желба да се владе и таквиот превод е последица на нацистичкиот режим кој на дело ни покажува колку е опасна банализацијата на еден ваков мислител.

Во овој филм, Хитлер бара од народот тежнение кон старите времиња, пред Големата војна, кога германската нација била моќна. И само волјата ќе направи Германија да го издржи тој период на „препораѓање“ и повторно да е моќна.

Деловите од нацијата кои во меѓувреме „станале лоши“ ќе се отстранат, поради нацијата. Овој филм е пропаганден филм, и како таков целта му е да ги направи сите други инфериорни, а себе да се прикаже како супериорен.

Нема подобар пример на последица од банално толкување од ова. Воедно, нема ни подобро место каде треба да се применат идеите на Ниче и да се мисли со своја глава.

 

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот