50 факти за Северна Кореја кои можеби не сте ги знаеле

1. Во Северна Кореја жените можат да одберат една од 18 дозволени фризури

2. Мажите имаат избор од 10 фризури

3. Носењето на траперки е забрането

4. Жените во семејниот буџет учествуваат со 70%

5. Тврдат дека имаат лек за СИДА, САРС и ебола.

6. 10 до 20 проценти од воениот буџет го трошат на сајбер војување

7. Севернокорејскиот компјутерски оперативен систем се вика Црвена ѕвезда

8. Ким ил Сунг примал крв од млади и здрави луѓе за да го продолжи животот

9. Марихуаната е легална

10. Работниците кои се задолжени за тревникот пред претседателската палата користат алати со големина на пинцета за да изгледа совршено

11. Во последните две годнини претседателот Ким Јонг Ун го погуби својот вујко, неговиот заменик, тетка му, министерот за одбрана и неговиот омилен архитект

12. Кошаркарот Денис Родман му беше чест гостин на Ким Јонг Ун

13. Северна Кореја го хакира Сони поради филмот Интервју во кој се исмева Ким Јонг Ун

14. Од 1980 кога му е роденден на претседателот секое дете до 10 години добива еден килограм слатки

15. Во стена на планина има натпис голем 550 метра на кој пишува “Да живее генералот Ким Јонг Ун, нашето светло сонце“

16. Ким Јонг Ун е најмладиот челник на држава

17. Самјијон е севернокорејски таблет кој нема опција за бежичен интернет, а може да постувате само севернокорејски веб страници. Има и нивна верзија на Енгри Брдс.

18. Селекторот на фудбалската репрезентација после светското во 2010 е исфрлен од партијата и е приморан да работи како градежен работник

19. Најпознатиот кошаркар во земјата е висок 245 центиметри

20. Хамбургерот во земјата се вика “Мелено говедско во лебче“

21. Во предметот за животот на Ким Јонг Ун кој се изучува во основно децата учат дека тој научил да вози автомобил на три години

22. 99% од населението знае да чита и пишува

23. Само војската и службениците во владата смеат да поседуваат автомобили

24. Војската има милион војници и шест милиони резервисти

25. Струјата се исклучува навечер низ цела држава

26. Во 2012-та севернокорејските археолози пронајдоа остатоци од еднорог

27. Стадионот Први мај е најголем во светот

28. Вселенската проглама им се вика НАДА

29. Натпреварите од светското во 2012-та се пренесувани со закаснување од еден ден

30. Од Северна Кореја во јужна имаат избегано 23.000 луѓе. Од Јужна Кореја во Северна Кореја само двајца

31. Ким Јонг Ун има напишано 1500 книги и компонирано 6 опери (според нивните податоци)

32. Северна Кореја е единствената која во заробеништво има брод на САД

33. Годината во земјата не 2015-та туку 104. Годините одат според датумот на раѓањето на Ким ил Сунг

34. Земјата не е комунистичка туку се води според нивна идеологија наречена џуче

35. На границата со Јужна Кореја изграден е пропаганден град во кој никој не живее

36. Ким ил Сунг е роден на истиот ден на кој потона Титаник

37. На секои пет години има избори на кои има само еден кандидат

38. Во 1974-та Северна Кореја од Шведска купи 1000 автомобили Волво кои никогаш не ги плати

39. Заробен американски војник од 1962-ра стана филмска ѕвезда во земјата. Секојпат глуми лош американец

40. Поседување на Библија е тежок прекршок кој може да се казни со смрт

41. Земјата има систем сличен на кастите со три најважни групи кои се викаат домати, јаболка и грозје

42. Ретките странски туристи можат да одат само во еден хотел и не смеат слободно да шетаат

43. Моранбонг бенд е единствена женска вокална група која прави преработки на западни поп песни

44. Користењето на називот Северна Кореја е забранет. Мора да се нарекува со целото име Демократска народна република Кореја

45. Хармониката е најпопуларен инструмент

46. Во земјата има три телевизиски програми од кои два работат само за викенд

47. Недовршениот хотел во Пјонгјанг 20 години беше највисок хотел на светот

48. Секое домаќинство мора да има радио на кое се емитува пропаганда

49. Во случај на елементарна непогода или војна граѓаните се должни да ги спасуваат статуите на големиот водач

50. Кошарката во Северна Кореја има поинакви правила отколку во другите делови на светот

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот