5-те омилени филмови на Славој Жижек

Еден од луѓето кои или ги сакате или ги мразите е дефинитивно Славој Жижек, словенски филозоф, критичар и теориски психоаналитичар.

Роден е во 1949 години во Љубљана, докторирал на Универзитетот во Љубљана филозофија, но подоцна запишува и психоанализа во Париз. До сега има над 30 напишани книги на повеќе јазици.

Темите кои најмногу го интересираат и кои секогаш ги работи се постмарксизмот, субјективноста, човековите права  толеранцијата. Покрај многу други. Познат е најмногу по својата интерпретација на психоанализата на Жак Лакан, кој се смета за еден од најкотроверзните психоаналитичари после Фројд.

Љубовта на Жижек кон филмот го поттикнала да ги сними своите идеи во облик на документарни филмови. Меѓу првите е Перверзниот водич низ киното, 2006; Перверзниот водич низ идеологијата, 2012; Вонземјанин, Маркс и компанијата – Славој Жижек, еден портрет, 2006; Жижек! и 2005; Реална виртуелност од 2004 година.

Секој кој го слушал или читал овој интригантен словечки филзоф, не може а да не се распраша кој и што влијаело на неговите размилувања. Ние ќе отриеме кои се омилените филмови на Жижек и зошто.

1. „Меланхолија“, Ларс вон Триер од 2011: „затоа што е крај на светот и јас сум  песимист. Мислам дека е добро ако дојде крај на светот.“

2. „Бунтовник“, Кинг Видор од 1949 година: „ултракапиталистичка пропаганда, но толку смешна, што не можам да не ја сакам.“

3. „Човекот со филмска камера“, Џига Вертов, од 1929 година: „стандардно, но ми се допаѓа. Може бесплатно да се гледа онлајн.“

4. „Психо“, Алфред Хичкок од 1960 година: „Вртоглгавицата е уште романтична, а после Психо се оди надолу.“

5. „Да се биде или не“, Ернест Лубич, од 1942 година: „лудило, нема подобра комедија“.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот