5 најсурови максикански нарко картели

И покрај борбата која трае со години против нарко картелите, кои не пребираат средства за да останат на врвот, сепак тие опстануваат и штетата која ја прават остава жртви насекаде низ земјата.

Ова се петте најзлогласни нарко картели:

Лос Зетас

Оваа криминална група се нарекла така по тактичкиот радио сигнал за командирите во мексиканската војска. Картелот е основан во 1999 година кога командосите на елитната единица на Војската на Мексико дезертирале и започнале соработка на трговија со дрога со Заливскиот картел.

Во 2010 година, Лос Зетас се одвоиле од Заливскиот картел за да создадат сопствена банда која САД ја сметаа за „технолошки најнапредна, софистицирана и најопасна која оперира во Мексико.“

„Зетас очигледно ја презеле главната улога одговорна за најмногу убиства, убиства врзани за наркотици, обезглавување, киднапирање и рекетирање во Мексико“, изјавил шефот за Мексико и Централна Америка во Управата за сузбување на дроги (DEA) Ралф Рајес, откако картелот го уби началникот на полицијата, неговата жена и четирите деца во Веракруз.

Лос Зетас е првично заснован на воени принципи, но групата сега има бизнис структура со квартални состаноци, деловни книги, па дури и гласање околу клучните атентати.

Лос Зетас исто така поставува видео снимки на интернет на кои се гледа убивањето на луѓе. На една од снимките поставена во 2013 година, група на маскирани мажи обезглавуваат четири жени кои наводно биле поврзани со соперничкиот клан, Заливскиот картел. Истата судбина ја имала уште една жена, која наводно била член на истиот картел, кој ја обезглавил маж кој потоа ја зел нејзината глава како трофеј пред камерата.

Лос Зетас извеле бројни други масакри против цивилите и другите членови на бандите како гранатирањето во Морелија во 2008 година, каде животот го изгубиле најмалку осум лица, а 100 се повредени. Во текот на Првиот масакр во Сан Фернандо во 2010, Лос Зетас убиле 72 мигранти, а наредната година во Вториот масакр во Сан фернандо убиени се 193 лица.

Масакрите и јавните погобувања имаат за цел да влеат страв во коските на противниците. Со единаесет мексикански држави под своја контрола, Лос Зетас е картел кој контролира најголема територија во Мексико.

Витезите Темплари

Витезите Темплари е картел создаден откако водачот на картелот Ла Фамилиа го напуштил тој картел во 2010 година. Темпларите своето име го добиле по Темпларскиот ред од Средниот век кој го штител Ерусалим, а нивните платени убијци имаат заповед да ја штитат заедницата и да ги држат во тајност сите активности или нивните семејства ќе бидат убиени.

Витезите Темплари себе се сметаат за заштитници на заедницата Мичоакан. Кога за првпат се појавиле во јавноста истакнале повеќе од 40 нарко мантили или знамиња на нарко картелот, низ целата држава со порака дека ветуваат безбедност. „Нашата обврска е да го чуваме редот, да спречуваме ограбувања и да ја штитиме државата од соперничките организации“, изјавија тогаш.

Една недела подоцна, нивната прва жртва била обесена на надвозникот со порака во која се тврди дека бил киднапер. Масакрите на Витезите многу брзо стекнале брутална репутација во веќе доволно варварскиот судир во кој нарко картелите се натпреваруваат околу тоа кој треба најмногу од кого да се плаши.

Членовите на Витезите Темлари се третирани како ѕвезди, како што рече еден од нивните членови кога го прашаче. „Моите денови се сјајни, затоа што сум како уметник. Сите ме поздравуваат, се сликаат со мене и сакат да ме поканат да одам некаде. Кога ќе појдам ме чекаат шишиња. Вредеше да станам член на Витезите Темлари. Сега имам жени кои можам да ги бирам, само велам: ти-да, ти-не. Добивам подароци, злато, облека и многу работи.“

Халиско Нова Генерација картел (CGNJ или Мата Зетас)

Основан е во 2009 година кога тројца луѓе се пронајдени мртви во напуштен камион со порака „Ние сме новата група Мата Зетас, ние сме против киднапирање и рекетирање и ќе се бориме против нив во сите држави за почисто Мексико.“

После смртта на нарко босот Игнасио Коронел Виљареал во 2010 година, Мата Зетас објавија војна на сите други мексикански картели и објавија намера да ја преземат контролата над Гвадалахара. Меѓутоа, до средината на летото групата наводно повторно се соединила со претхоните партнери, Синалоа картел.

Членовите на картелот направиле бројни масакри, вклучително и масакрот во Веракруз во 2011 година. Триесет и пет лешеви се пронајдени покрај шопинг центар во Веракруз со порака: „Нема повеќе рекетирање, нема повеќе убивање на невини луше! Зетас во државата Веракруз и политичарите кои им помагаат.“

„Ова ќе ви се случи бам или ќе ве убиеме како што веќе убивавме. Народот на Веракруз не поднесува рекетирање: не плаќајте заштита, доколку плаќате, тоа е затоа што ја сакате. Тоа е единствената работа која овие луѓе ја можат. Оваа територија има нов газда.“

Зетас се одговорни за 36 убиства на 6 октомври 2011 година, како и за уште 67 наредниот ден.

Како одговор на многубројните егзекуции на нарко картелот, федералната влада покренала Операција „Сигурен Веракруз“ воена операција во државата Веракруз.

Заливскиот картел (CDG)

Активен долж мексиканскиот брег во Мексиканскиот залив, овој картел е најверојатно најстарата криминална организација, основана 1930 година од страна на шверцерот Хуан Непомусен Гере. „Заливскиот картел е одговорен за транспорт на оргомна количина на кокаун, метамфетамин, хероин и марихуана од Колумбија, Гватемала, Панама и Мексико во САД, како и за распределба на тие наркотици внатре во САД“, наведува ДЕА.

Заедно со Лос Зетас, Заливскиот картел е банда со најголем број за киднапирање во Мексико. Одговорен е за перење на пари, подмитување, трговија со оружје, наведување на злостор, обиди за убиства и рекет.

После разделувањето со Лос Зетас, Заливскиот картел изгубил многу значајни водачи, а внатрешните борби довеле до бројни убиства како во Мексико, така и во САД.

Синалоа картел (CDS, познат како и Гузман-Лоера организација, Пацифички картел и Крвен Сојуз)

Американската разузнавачка служба го смета за најмоќната организација за трговија со дрога на светот.

„Синалоа картелот станувал се посилен откако Гузман (мексиканскиот нарко бос на нејзино чело) побегнал од федералниот затвор пред десеттина години криејќи се во камион со валкана облека, дури и откако преодните влади на Мексико, биле соочени со обвинувања дека не го притискале доволно Синало картелот како другите банди“,се наведува во извештајот на Американската разузнавачка агенција.

Синалоа контролира над 17 мексикански држави и најмногу се занимава со шверц на колумбиски кокаин, мексиканска марихуана и метамфетамин.

Картелот се вселил во градот Хуарез во 2008 година и влегол во судир со Хуарез картелот кој го водел Висенте кариљо Фуентес. Борбите го навеле мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон да испрати илјадници војници во градот. Насилството резултирало со смрт на над 5000 луѓе, правејќи го Хуарез еден од најсмртоносните градови во светот.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот