5 начини да се справите со празничниот стрес

Во текот на празниците често на површина излегуваат емоции и чувства кои многу полесно успеваме да ги потиснеме во текот на останатиот дел од годината. Стресот е многу честа појава во овој период, па затоа на време подгответе се и избегнете ги лошите емоции во текот на овие денови.

Значи ево неколку совети од Pick the brain како да го истуркате овој период на усиленост и форсирање од сите страни по секоја цена:

1. Бидете свесни дека од се е премногу

Некои луѓе се под притисок дека празниците се време за опуштање и чекор назад. Од друга страна, сите знаеме како изгледаат празничните трпези кои некој мора да ги организира, спреми и финансира. Исто така, потребни се подароци. Немојте да се воздржувате од тоа да ги делегирате обврските околу празниците и да ги распоредите и на други кои ќе бидат присутни на славењето. Нека сето ова не ве изненади туку прифатете дека од се е премногу без потреба.

2. Немојте да се воздржувате да направите стратегија за бегство

Понекогаш е невозможно да се прескокнат поканите за слави на кои ќе бидат луѓето кои навистина не сакате повеќе од еднаш годишно, ако тоа воопшто го сакате. Доколку знаете дека таму ќе биде некој кој не ви се допаѓа, дека ќе се зборува на теми кои на некој начин ќе ве растажат, не е лошо да смислите план Б и секогаш да имате начин да побегнете. Речете дека сте ги заборавиле подароците , дека имате некои проблеми или било што што може да го зачува вашето ментално здравје доколку овој период ви е потежок од вообичаено.

3. Одредете буџет и држете се до него

Новогодишната треска лесно може да ги загрози сите. Купувањето толку многу се потнцира на сите страни што оние кои немаат доволно лесно паѓаат во депресија од шарените хартии и свилените панделки. Исто така, некои други кои имаат пари, многу лесно ја преминуваат границата и се занесуваат со шаренилото, па подоцна имаат сериозен проблем на банкарската сметка. Затоа пред време направете план, одредете буџет и строго држете се до него.

4. Не ги прескокнувајте вежбите

Доколку себе веќе сте си направиле шема на тренинг, јога, прошетка или слично, не дозволувајте празниците да ви бидат изговор за откажување. Огромна количина на храна и колачи, кои ги внесувате во текот на овие денови лесно многу лесно ќе ве успорат и ќе ве стават во депресија доколку продолжите да се дебелеете. Затоа немојте да се откажувате и барајте начин да се извлечете и да продолжите со добрите навики и во текот на празничните денови.

5. Бидете отворени за промена

Никогаш не ди се по планот, посебно во текот на празниците кога луѓето во целост ги менуваат своите секојдневни рутини и распореди. Работното време се менува затоа што многумина земаат одмор, времето за вечера се изместува... Бидете отворени за нови ситуации и не дозволувајте тоа да ве нервира или да ве стави во состојба на стрес, туку бидете подготвени. Бидете отворени за нови ситуации поради општо добро и не заборавете дека е ова време кога треба да се одморите и да бидете среќни.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот