5 митови за дрогите во кои упорно се верува

Веројатно уште како помлади сте слушнале многу „факти“ за дрогите и тоа од многу извори. Родителите веројатно ви зборувале дека само едно вдушување од бонгот ќе ве однесе право за затворска соба со најокоравени криминалци, што секако не е вистина, но една вистина е дека универзалната дрога во било кој облик е штетна за вас и вашето здравје.

Мит 1: Ќе полудите од ЛСД

Мит:

Пробајте ЛСД повеќе од седум пати и ќе станете целосно луди. Властите ќе ве уапсат и во вашето досие ќе пишува „лудило“, а семејството ќе ве испрати во „лудница“. Доколку имате среќа ќе почнете да верувате дека законите на физиката не важат за вас, што ќе ви овозможи да побегнете од сопствениот пекол (така што ќе „полетате“ од покривот на некоја зграда).

Реалност:

Првиот проблем со овој мит е што „луд“ не е всушност вистински законски термин, освен во многу ретки случаи кога во одбрана се изјаснувате луди. Покрај тоа, не постои научно признато ментално заболување кое може да се дијагностицира само врз основа на претходно користење на дроги.

Вториот проблрм со овој мит е што ЛСД не можете да полудите. Во едно истражување од 1960 година, 2000 лица кои земале ЛСД, од кои половината имала ментално заболување или генетски биле предиспонирани за ментални заболувања, само 0,13% од учесниците имале некој облик на психотично однесување, а скоро сите учесници веќе имале некое ментално заболување. Научниците претпоставувале дека ЛСД не предизикува психози, туку ги поттикнува – што значи дека луѓето кои покажуваат базично психотично однесување, веќе имаат базични ментални проблеми. Дури и многу хорор приказни за тоа како луѓето скокале од надвозник после „трип на есид“ едноставно се измислени. Меѓутоа, дури и психозата предизвикана со дрога не е точно „лудило“ како воглавно се дефинира. Пред се, таа е првремена, т.е. се случува само во текот на користењето и прекинот на користењето на дрогиата. Симптомите на таквите психози се илузии и халуцинации – а дали знаете која друга целосно легална дрога може да предизвика идентични симптоми?

Така е: Алкохолот всушност предизикува многу поголеми психози од ЛСД. Истражување од 2007 година покажа дека повеќе пациенти, над 160 000 луѓе, имаат дијагностицирани психози предизвикани од алкохол отколку оштетувања на црниот дроб предизвикани од алкохол (цироза).

Мит 2: Природните дроги не се толку лоши

Мит:

Ова веројатно сте го слушнале од вашите хипи пријатели: „Не верувај дека сите рекреативни дроги се опасни! Она штоо ти го давам се растенија и печурки собрани од Мајката Земја. Подобро да внесеш нешто природно во своето тело, отколку хемикалија која излегла од фабрика!“

Реалност:

Да почнеме од очигледното. Фактот дека супстанцијата е „природна“ не значи апсолутно ништо кога се во прашање можните ризици и користи. На пример, опиумот, кој се добива дирекно од макот, претставува наркотик кој создава силна зависност и може многу лесно да убие ако се косумира премногу. На многумина омилената природна дрога – марихуаната, во смисла опасност по живот, е скоро идентична со ЛСД, но создава поголема зависнот. Алкохолот, скоро е еднакво опасен по живот како кокаинот, морфиумот и хероинот.

Невропсихофармакологот Дејвид Нат благодарение на своето истражување успеал да направи листа на дроги по тоа која најмногу им штети на кросиниците и другите лица. Додека печурките се наоѓаат на дното на листата, нешто над се екстази и есид кои се прават во домашните лаборатории. Марихуаната и тутунот се наоѓаат при врвот заедно со омилената синтетичка дрога на Волтер Вајт, а на самиот врв се наоѓа алкохолот.

Значи, само затоа што е дрогата прирордна не значи нужнмно и дека е побезбедна – што во некои случаи е сосема спротивно. Во првиот мит наведовме дека ЛСД како прва асоцијација на синтетичка дрога, може да предизвика психотично однесување кај кориниците кои имаат предиспозиции за него. Дали знаете која друга дрога може да го направи истото? Марихуаната.

Мит 3: Ангелската прашина ги претвора нормалните луѓе во насилници и им дава надчовечка сила

Мит:

Во филмот „Терминатор“ кога полоцајците гледаат човек со супер-моќи како крши ѕидови велат: „Веројатно е на РСР“. Сепак сите знаат дека РСР или фенциклидин, познат како ангелска прашина предизвикува насилно однесување, дава надчовечка сила и прави да полудите. Кога американскиот рапер Биг Лурч ја уби својата девојка и ги изеде деловите од нејзиното телот пред десеттина години, откриена е оваа дрога во неговото тело.

Реалност:

Научните истражувања покажаа дека РСР не предизвикува насилно однесување кај корисниците освен ако тие не се предиспонирани за такво однесување. Со други зборови, доколку малку ви фали да го искажете својот бес на насилен начин, погодете што ќе се случи ако земете РСР?

Кога станува збор за супермоќи, РСР не е серум од кој станувате Халк. Она што е вистина, меѓутоа е  дека РСР влијае на вашата перцепција – така што можете да помислите дека сте навистина Халк и делува како анестетик против болки, така што можете да помислите дека имате супер силно тело кое сакате да го тестирате против армиран бетон. Во таа смисла, РСР е ист како било која дрога или алкохол за која за разлика од РСР се знае дека предизикува агресија.

Мит 4: „Крек бебиња“ постојат

Мит:

Доколу мајката користи кокаин во бременоста, бебето ќе е родено сос ериозни мозочни аномалии. Растејќи, детето ќе стане брблив идиот кој никогаш нема да се вклопи со друштвото на училиште. Спред тврдењата изнесени во кампањите против наркоманијата во 80-тите и 90-тите сите сме осудени на живот каде ќе биде незамисливо да не наидеме на една од овие „крек бебиња“.

Реалност:

Никој не вели дека децата кои се прикажани во телевизиските специјали за крек бебињата немаат одредени проблеми. Меѓутоа, поголем дел од тие проблеми настанале поради простиот факт дека се прерано родени. Иако пренаталното изложување на кокаинот  може да ги зголеми шансите за прерано раѓање, се покажува дека поголемиот дел од децата родени како “крек бевиња“  не се разликуваат ментално од другите деца до шестата година.

Што се донесува до децата, се чини дека и многу други дроги и пороци еднакво или повеќе  се штетни за бебињата од крекот. Пушењето цигари во бременоста е рамо до рамо со консумирање крек, додека пренатално изложување на алкохол воглавно предизвикува „когнитивно оштетување, тешкотии во учењето и пореметување во однесувањето“. Најлош ефект на пренатално изложување на коаин е дека крек бебињата „може да имаат поголем ризик од подоцен развој на говор.“

Значи, понекогаш крекот може да направи бебињата подоцна да научат да зборуваат. Од друга страна, алкохолот ќе им зададе повеќе мали од пречката за учење јазик.

„Дали сакате да кажете дека треба да пушиме крек во бременоста затоа што технички е еднакво штетен како и алкохолот или цигарите: “- НЕ!

Ни една од тие работи не треба да  се зема, вклучувајќи ги и оние кои не се забранети со закон. Оваа статија е посветена на научното разбивање на митови кои сте ги слушале последните 30 години. Еден од нус продуктите „на војната против наркоманијата“ е огромната количина на комплетно преусилени или целосно лажни информации кои се шират низ светот, што е секогаш лоша работа.

Мит 5: Војната против наркоманијата ја намалува стапката на користење на дроги

Мит:

Доколку раширеноста на консумирање на дрогите е проблем, што е решение? Првиот чекор е да се направат дрогите нелегални – луѓето ќе ги користат помалку ако се противзаконски, така што стапката на корисници ќе падне кога законот ќе стапи на сила. Доколку тоа го искомбинирате со порано споменатите тактики на правење на хорор приказни за дрогите и ги ставите во главите на децата додека мозоците им се млади и невини, тие ќе растат во општество без дрога.

Реалност:

Да ги земеме за пример, САД. Користењето дроги е во сигурен пораст откако почна нејзината криминализација. Предозирањата станаат почести откако се законите воведени, а бројот на апсења расте скоро 30 години. Војната против дригата почна во 1970-тите за време на Никсон, но започна дури во 1986 година со Законот против дроги.

Меѓутоа, врз основа на достапни докази можни се две сценарија, т.е. причини поради кои дрогата е огромен проблем во САД. Или во САД дошло до културен удар кој предизвика поголемо користење на дроги отколку во  текот на 1960-тите за време на хипи културата или законите за дрогите некако ги потттикнале луѓе повеќе да користат дрога.

Било како било. Се укажува на тоа дека војната се води на целосно погрешен начин. Тактиките на застрашување и преголемо упростување не ги спречуваат децата да развијата желба да станат „џанки“.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот