40 реални очекувања од 2017-та

Нова година истите говеда. Само затоа што се го фрли едниот календар со светци од „Го-Мај 2003 дооел“ и кладе нов не значи дека и работите ќе се сменат (#ПрашањаШтоНеМачат дали се фрлаат календари со светци или се сечат сликите па се чуваат? Благодариме на одговорите имаме календари од 2003-та и не знаеме што да им правиме). Како и да е еве реално што можеш да очекуваш од 2017-та.

1. Варирање во тежина. Нема атлетско тело туку месеци каде си помалку дебел/а од вообичаеното

2. „Ќе те барам од понеделник“ и да не те побараат од понеделник

3. Да испратиш ЦВ за работа и да не добиеш повратен одговор дали си примен или одбиен

4. Seen 15:27

5. Ова

6. Нема ни годинава да ја посетите Јапонија

7. Ќе ви фали некаде печат на документ

8. Ќе одите на барем еден протест или контра протест

9. Некој близок ќе ви замине во странство

10. Чудовиштето уште ќе брка странски инвеститори

11. Ќе се појави некое мало дете од Македонија кое ГО РАСПЛАКА ЖИРИТО НА ПИНКОВЕ ЅВЕЗДИЦЕ (ВИДЕО)

12. Ќе ви понудат да влезете во Лајонс

13. И во Јеховини сведоци

14. Ќе гласате барем на едни избори иако не очекувате ништо друго освен годинава да ви е готов бугарскиот пасош

15. Барем еднаш ќе ја искористите фразата „Не пијам од утре!“

16. И ќе пиете пак од утре

17. Нема да ви ја покачат платата

18. Ќе ја чекате 2018-та за да го промените животот и пак нема

19. Кога брзате ќе има пензионер пред банкомат со четири различни картички, тефтерче за пиновите и лош диоптер

20. Ќе умре пак некоја позната личност и тој ден ќе сте фан на истата

21. Нема да читате повеќе книги од минатата година затоа што и оваа година ќе треба да работите за да преживеете, а во слободното време ќе сте преморени

22. Руските научници секоја недела ќе измислуваат нов лек за ракот на база на мед

23. Барем еднаш ќе ви претече кафето

24. И оваа година нема да почнете да спортувате

25. Ќе имате кавга за политика на интернет

26. Ќе ве излажат дека лубеницата е балага, а таа нема да биде блага како што сте очекувале. И после како да им верувате на луѓето?

27. Ќе читате на Фејсбук патетични цитати за тоа како е тешко да се има доверба денес и ќе ви текне на лубеницата

28. Веќе ве нервира што во три точки ја има лубеницата, а вие воопшто не сакате лубеници. Значи ќе се нервирате и оваа година

29. Ќе имате суштински муабет за државата и нејзините демократски капацитети со таксист

30. Нема да ве касне ајкула во Охридско

31. Ни пирана во Дојран

32. Ќе наоѓате глупи изговори да не одите на настани на кои не сакате да сте

33. Сепак некој роднина ќе издаде книга и ќе е незгодно да не одите на промоција

34. Ќе пробате да се лечите со ракија

35. Со делимичен успех ќе е лекувањето па ќе се нервирате со Мој термин

36. Некој ќе те побара за жирант

37. Ти ќе побараш некој за жирант

38. Ќе се најде некој во друштво да ја објаснува разликата меѓу селанец и сељак и никој нема да го прекине иако сите ја знаете разликата уште од 95-та

39. В кладилница пак ќе си зијан

40. Не ја дочита листата и не го гледаш ова ама и оваа година работите ќе ги оставаш недовршени

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот