40 работи полоши од работен понеделник

Многумина го мразат понеделникот затоа што се на работа. Некои велат дека всушност не го мразите понеделникот туку го мразите капитализмот. А можеби го мразите и капитализмот и понеделникот... Како и да е има мнооогу работи што се полоши од работен понеделник. За почеток еве 40. Нареден понеделник уште 40.

1. Да беше на работа и во саботата и во неделата

2. Беше на работа и во саботата и во неделата и денес пак си

3. Да те падни последната утакмица шо има коефициент 1.20

4. Да треба да правиш сендивчи во штаб за митингот вечер

5. Новата песна од Елена Ристеска е полоша отколку понеделник во Чернобил

6. Бакнеж од полдалечна баба на свадба додека мустачињата и се наквасени со ракија

7. Топло пиво

8. Новите македонски народни приказни

9. Клавање нови чорапи и газење во вода со нив

10. Може е понеделник ама барем не ни е Трамп претседател

11. Јоко Оно

12. Останата само една лажичка кафе, а продавницата затворена

13. Кога мамурен место вода од фрижидерот ќе извлечеш ракија

14. Seen

15. Искористивте 80% од месечниот интернет. На 7-ми од месецот

16. Растителен кашкавал

17. Промоција на поетска книга со перформанс од авторот

18. Немате доволно средства за да се изврши трансакцијата

19. Комшиите имаат викнато мајстори да реновираат

20. Ти имаш викнато мајстори да реновираш

21. Секој ден во Пробиштип

22. Oва

23. Кога се надеваш дека ќе хефташ, а таа те викнала за Лајонес

24. Пирс на заб

25. Луѓе шо го користат зборот „апропо“

26. Закажан “Мој термин“ во понеделник во 7.40

27. Политичка дебата на социјална мрежа

28. Она мрсното шо останува од месниот нарезак па му додаваш вегета и го јадеш затоа што пред то си испил гајба пиво пред кооперација

29. Маицата на Груевски

30. Секое учество на Среќни луѓе на Вучиќ

31. Гужва во автобус, а до тебе е седнат некој шо непосредно завршил со јадење ќебапи и пиење пиво

32. Секој настан што содржи име на јадење и после тоа име се додава јада. Што во основа и го опишува - јада

33. Смртоносен парацетамол

34. Приказни кои почнуваат со „Во мое време...“

35. Работодавци шо не ти кажуваат ако си одбиен на конкурсот

36. Кој било натпревар од првата македонска фудбалска лига

37. Интернет групите во кои мајките лечат болести со помош на Оџата од Прилеп

38. Луѓе кои имаат само нешто да прашаат на шалтер

39. Луѓе кои ги оставаат овие да поминат преку ред

40. Листава и сајтот воопшто се полоши од кој било понеделник. Евр

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот