4 начини на кои можеме да им вратиме на Грците за протестите

„Држава со вакви соседи не треба да се грижи за својата иднина“. Озбилно. Нашите спремни да го дадат името, а Грците како први комшии се кренаа да го направат она што ние не го правиме и да не прифатат промена на нашето име. Фала им! Се разбира на овој гест и ние како добри соседи треба некако да вратиме. Еве некои предлози кои се доставени и до владата, невладините организции и Црвениот крст на Кочани за тоа како можеме да им вратиме на Грците.

1. Масовно, цело село на одмор во Грција

„Сакај го непријателот свој“, „Ако некој ти удри шамар сврти го и другиот образ“ се само дел од поуките кои можеме да ги извадиме од Бибилијата, а би биле доста нефукционални ако вежбаш карате или си во тепачка. Но сепак во оваа ситоација се сосема добри. Доколку направиме летна инвазија на грчките плажи локалното население ќе биде нервозно од толку македонски јазик, Македонци и расфрлено ѓубре со што автоматски ќе се дефокусирани и ќе им е намалена борбената способност. Продажбата на Лексилиуми рипа, Алкалоид котира некаде меѓу Тесла и Епл на светските берзи, а Грците под седативи прифаќаат да се викаме како сакаме само да се вратиме дома.

Би можела и владата да дели ваучери или субвенции за одмор во Грција летово, но ако нема пари секој од свој џеб ќе ја финансира оваа патриотска должност.

2. Преименувања на ствари

Наместо автопатот да го крстиме “Пријателство“ можеме да го крстиме на пример “Константин Мицотакис“. Подигнување на грчки споменици во нов проект Скопје 2022 од познати грчки дејци. Музичка академија “Демис Русос“, основно училиште “Метаксас“ и слично. Ја сфаќате поентата. Ако одиме до екстреми можеме да го смениме и името на државата во Грција па нека се нервираат, кој ги ебе.

3. Автомати во казината само на македонски јазик

Гевгелија - Лас Вегас за сиромашни Грци. Досега овој град беше бизнис ориентед шо би се рекло за да има поголем профит, но како што вели старата поговорка „Не е сѐ во парите, има нешто и во акции, злато и дијаманти“ време е да се заземе страна. Така на пример може со секое барање за картичка во казино да треба секој Грк да се согласи дека Македонија може да се вика како сака и да бакне карта од Голема Македонија.

Можат да се направат и патриотски слот машини. На пример ако ти падне “Солун е Македонски“ да е главна награда, три знамиња наши од новите пак награда, три замиња со Сонцето од Кутлеш поголема награда, а со три Грчки знамиња банкрот. Само строго, само отпор!

4. Поскапување на пломбите

Можеби не сме доволно силни да зададеме воен удар, а можеби и сме, никој не знае, немаме попис, можеби сме 25 милиони, но сигурно можеме да удриме на економијата на нашиот јужен сосед со поскапувањето на пломбите. Забарите се новата фаланга! Само треба да ги подигнат цените за нивните услуги и Грција да е економски на колена. А со тоа би се зголемил и нашиот буџет со што би имале пари на секој граничен премин со Грција да поставиме по една реплика од Воин на коњ.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот