34 работи кои никогаш не смеете да ги правите во книжара

Книжарниците не се само продавници. Не се ни храмови на зборовите, библиотеките. Тоа се специфични места во кои се развива зависност од мирисот на штампарските бои. Тоа се прибежишта на луѓе со гладен дух, во некои случаи, мирни пристаништа вон времето. Во нив, може да се разубави денот, квалитетно да се скрати чекањето, и да се најде сеќавање. Така и треба да биде.

Но, никако не треба:

1. Читате, читате и читате најмалку по 20 страници од секоја книга која ја земете во раце.

2. Пипкате се – од сликовници до енциклопедии.

3. Викате, се довикувате.

4. Прашувате од врата – каде се јадат најдобрите ќебапи, каде е водоинсталатерската работилница во близина, до кога работи музичката школа преку патот, затоа што во книжарата се знаат.

5. Прашувате колку чини некоја книга и дали ја имаат во соперничката книжара.

6. Книгите ги оставате секаде низ книжарницата

7. Доаѓате со тв препорака, по наслов кој не го знаетез автор за кој никогаш не сте слушнале.

8. Му раскажувате на вработениот која се лектира сте ја прочитале пред 25 години, за да се види дека сте начитани.

9. Прашувате за препорака, па ги превртувате очите на секој наслов.

10. Ако е распродадена, прашува во која друга книжарница може да се најде и обавезно зошто е распродадена.

11. Праашувате кога Хосеини ќе објави нова книга.

12. Прашувате што има ново од Момо Капор.

13. Ги раскажувате до детал новите епизоди на ГОТ.

14. Ги грешите имињата на авторите, насловите и ги бирате книгите по дезен.

15. Бирате книга, исклучително според дебелината, т.е. тежината, затоа што е за на плажа.

16. Се лутите ако вработениот не знае која била книгата со чудни корици и бели букви минатата година во излогот.

17. Го барате Прачет и после пола сат ја купувате Даниела Стил.

18. Барате нешто слично на Едгар Алан По, но да не е научна фантастика, да е современо, крваво, а да не е хорор.

19. Велите дека кратките раскажи на Андриќ се неговите најслаби дела.

20. Барате сериозен трилер со зајчиња.

21. Се кикотите додека купувате еротски роман.

22. Препишувате рецепти од готвачот.

23. Барате речник со странски зборови од највисоката полица, го проверувате изразот кој ве интересира, а потоа го враќате речникот.

24. За деца купувате исклучително скратени изданија на лектирите.

25. Барате сликовница за дете од 12 години и роман за дете од 5 (не е лапсус).

26. Ќе се зачитате и пуштате децата да ви трчаат по книжарата.

27. Предлагате во школите да се воведе Хари Потер.

28. Патем ги споменувате книгите кои се надминати во 21 век.

29. Сосема неврзано, на лице кое до вас, му раскажете книга која ја држи напнатоста до последна страна и секако крајот.

30. Го барате вашиот вработен во книжарницта затоа што овие тука не знаат ништо што вие сакате.

31. Од врата известувате дека читате само сериозна литература во ова несериозно време

32. Откако ќе ви се укаже дека е снимен филм за книгата која ве интересира, моментално одлучувате да го гледате, затоа што, кој би читал ако веќе има филм.

33. Смислувате заплет и барате да ви се најде таква книга.

34. Барате вработениот да ви го потврди секое дејствие, прашувате што прочитал, велите дека мора да внимава и обавезно да прочита она што вие цените.

 

Сите овие правила се извадени од сведоштва на вработени во книжари.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот