3 начини како најлесно да проверите дали сте бремена со помош на паста за заби

Можеби се прашувате дали сте бремена? Не сте сигурни, а сите конвенционални методи на проверка како што се лекар кој за тоа учел 20 години и баталил сѐ во животот само да може да ви ја каже среќната или несреќна вест (зависи дали сте жена или швалерка) или пак со мокрење на тест за бременост, не ви се привлечни. Тогаш имате шанса да откриете дали сте бремена и без тие глупости како што е медицината. Како? Едноставно. Со паста за заби.

Само пазете на интернет можете да најдете секакви неточни податоци како што е овој па да не дознаете дека сте бремена и уште полошо да уништите совршено добра паста за заби.

1. Намачкајте паста под пазувите

Ова е едноставен тест за бременост! Иако со овој тест не може прецизно да се одреди полот на младенчето сепак со сигурност ќе ви каже дали сте бремена. Процедурата е следна:

Чекор 1. Одете до маркет

Чекор 2. Вратете се дома

Чекор 3. Уште еднаш одете до маркет затоа што сте заборавиле да купите паста

Чекор 4. Откако веќе се снабдивте со паста отворете ја истата

Чекор 5. Тестот е најдобро да се прави во недела како после тестот би се измиле на евтина струја и нормално со исклучен бојлер

Чекор 6. Откако го обавивте сето ова нанесете паста на палецот и показалецот од левата и од десната рака

Чекор 7. Со елипсоидни движења размачкајте ја таа паста под пазувите и оставете ја 15 минути

Чекор 8. Измијте се под пазувите

Чекор 9. Ако за осум до девет месеци од вас излезе бебе занчи сте биле бремена

2. Други методи со мачкање

Чекор 1. Намачкајте паста на пенисот

Чекор 2. Не си бремен сигурно

3. Со помош на фотографија

Иако медицинската и фармакомафијата сакаат да го уништат светот, а нормално цел на таа завера се сите слободномислечки луѓе, сепак одете на доктор (иако е платеник на погорните мафии) и направете снимка од вашиот стомак. Земете ја снимката. Може да изгледа вака.

Ако снимката изгледа вака тогаш намачкајте ја со паста за заби. Ова значи дека со сигурност сте бремена. Честитки иден члену на Фејсбук групата Mamicki i nasite problemi.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот