27 видови на наслови од телеграф.мк што ќе ни недостигаат

Денес осамна веста дека Дневник и Телеграф.мк згаснуваат. Какво и да е нашето мислење за уредувачката политика на овие (или на кои и да е други медиуми) разноликоста го прави пазарот со информации поинтересен. На новинарите им посакуваме среќа во наоѓањето на нова работа, а ова е делот што најповеќе ќе ни недостига!

1. Оваа скопјанка го запали Скопје. Погледнете како со тоа се справи противпожарната бригада и градоначалникот Коце Трајановски (Фото + Видео + Ќумур за секој кој ќе ја сподели статијата)

2. Стари скопјани против провинцијалци - кој ви победил во римска арена во борба до смрт?

3. Го сруши интернетот! Ова го читате на телетекс!

4. Куче го видело убиството на Јелена. Ѕверот се брани со молчење пред полицијата!

5. НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ! Која раса било кучето кое е сведок на убиството на Јелена!

6. Огромна трагедија ја потресе земјата!*

*Земјата е Танзанија

7. РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Според должината на пенисот лесно може да се открие полот на личноста

8. Која е оваа Македонка која си купи карта за егзотична дестинација, таму ја сликаше дечко ѝ i ни го испрати сликите на мејл за да напишеме статија "Која е оваа Македонка?"

9. Нашиот фотограф ги манијачи вашите ќерки по улица (Галерија 4278 фотографии)

10. Задник од кој ќе ви запре здивот, а ако сте астматичар може и да е фатален по вас!

11. Пренесуваме статуси од второкласнј јавни личности

12. Во кој автокамп македонскиот џет сет ќе го помине летово?

13. И понудил брак на Лила! Она што се случило следно ќе ве остави без зборови! Прв пат рекла НЕ!

14. Толку жешка што шумската полиција и забрани движење во природа во период од 6 до 20 часот поради опасност од предизвикување на пожари! (Галерија крадена од нејзиниот фејсбук профил)

15. Таа е вистинска бомба и го бара оној кој ќе ја деактивира!

16. Добил на избори во 2006-та! Она што го направил следно ќе ве остави во ШОК!

 

17. НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ИСКОРИСТЕНИТЕ КОНДОМИ: Пет начини на кои можете да ги употребите во домот!

19. ТРИ ОБРОЦИ ВО ДЕНОТ: Луксуз или потреба, ги запрашавме провинцијалците (Видео)

20. Шакира со македонски корени! Зборуваме со нејзините соселани од Жван!

21. КОЈА Е ОВАА ДЕВОЈКА ШТО ГО ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ И ЗОШТО ДОБИВМЕ КАЗНА ЗА СЛИКАЊЕ НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ КОЕ ЈА ОБАВУВА СВОЈАТА РАБОТА НА КРСТОСНИЦА (Фото + Видео + Број за донации за да ја платиме казната)

22. Го скрши интернетот! Сега сама нека го поправа!

24. Вељко Ражнатовиќ денес имаше уредна столица!

 

25. ГО РАСПЛАКА ЦЕЛО ЖИРИ НА ЅВЕЗДЕ ГРАНДА (Галерија од погреб)

26. ГЛУП ПОРТАЛ ЈА ПРОПУШТИЛ ТОЧКАТА 18 (Проверете сами и најдете ги печатните грешки)

27. ДАЛИ ПРОВИНЦИЈАЛКИТЕ ИДАТ ВО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРОСТИТУИРААТ? АКО ДА ВЕ МОЛИМЕ ЗА БРОЈ НИКАКО НЕ МОЖЕМЕ ДА НАЈДЕМЕ!

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот