26 фрази за да уништиш слава или именден

1. Господ не постои

2. Дајте само ако не е проблем потивко и пушти на Сител Џансур ќе ја зема Фикрета

3. Добра е ракијава за после бричење...

4. А нешто без глутен имате?

5. Левица е вистински победник на изборите

6. Чекај да го сликам секој залак за на Инстаграм

7. АЛАХУ АКБАР

8. Сврти од српски на бугарски турбофолк

9. Па не знам, јас за Хилари бев да ти кажам право

10. Имаш гитара нешто да ви исвирам?

11. Виново лежано а? Какво е не требаше ни да го станваш

12. Да ми дајш број од кетерингот...

13. Фино е ова него ајде станувајте да одиме на протест

14. Urime miku im i dashur

15. Домаќине кога ќе го жениме Милорад? Мислам има 45 години време е да се осамостои...

16. Немате значи Даликири а? Епа ај еден Секс он д бич, негде е пет сатот сигурно

17. Чекај да ви раскажам еден скеч од Зевзекманија

18. Гледам малиов свири во група? Како се викаат? „Јавачи на смртта“? Перо од “Кај Перо и Марика“ им треба бенд па нека ме побараат...

19. Не сум сигурен дека Александар Македонски беше наш...

20. Ај ко се собравме овде барем да ве зачленам во Лајонес

21. Види Бранко не беше толку лош премиер

22. Шубаво вака сте ја урамиле сликата од кучето, па и со капче, види гоооо! А то е Раде за матурата? А честито да му е...

23. Треба почесто вака да се собираме, не е убаво фамилија само од погреб на погреб да се собира...

24. Научниците викаат дека Исус ич не бил ваков како шо го имаш на слика. Немало шанси тогаш на тоа место да е белец

25. ОК. А кога почнува оргијата?

26. Законот за пушење треба да важи секаде, а овде гледам се пуши

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот