22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

ГМО или кратеница од Г за генетски, М за модифицирани, О за организми. Или барем така Илуминатите сакат да верувате. ГМО стои за ѓаволски модифициран облик само што англосаксонските змии немаат ѓ во азбуката. Како и да е ГМО е опасно по човекот (не е) и нема ништо подобро од живот на начинот на кој живееле нашите стари (без ГМО и фармакомафијата до неверојатни 34 години кога умирале од тривијални болести). Еве кои се знаците на ГМО храната!

1. Доматите и краставиците во шопската ви го изеле сирењето од истата

2. Бананата ти намигнува и ти вели „Па не мора да сум само за јадење“

3. ГМО кромидот ве тера да плачете повеќе. Затоа што на секое сечење ве потсеќа дека сте го промашиле животот и вашите родители се срамат од вас

4. Има налепница дека содржи ГМО. Јеби га, прописи

5. Јаготките доаѓаат со завршено четврто одделение. И положено екстерно

6. Постарите ГМО овошја и зеленчуци светат во темница

7. Напредните ГМО овошја и зеленчуци сами си ја пуштаат сијалицата

8. После три петоци јадење на ГМО грав сега ти е полесно да го требиш со три раце

9. Папаја е. Мислиш дека пред 100 години нашите предци и илинденците и комитите се хранеле со папаја? Не ни постоела папаја тогаш! Сѐ тоа амерот го има измислено!

10. ГМО зрнцата кафе се полни со отрови кои можат да влијаат на политичката определба на конзументот па така гледани под микроскоп можат да прават вакви работи

ГМО кафе гледано под моќен микроскоп формира форми кои го уништуваат мозокот на конзументот

ГМО кафе гледано под моќен микроскоп формира форми кои го уништуваат мозокот на конзументот, пример 2

11. ГМО лубеница ти бара коктел и малку хаувче да не и е досадно додека се лади во када

12. Гајбата со кајсии се обидува да ти го продаде земјоделецот за органи

13. Тивко, во ноќтта можеш да ги слушнеш јаболката како пеат Hail Monsanto!

14. Откако се храните со ГМО градите на жена ти и се некако пораснати. Е сега што се на грбот е мала нелагодност...

15. Грашокот има напишано своја песна и бара да го пуштиш на Евровизија наместо Калиопи

И веројатно би поминал подобро од Калиопи

16. ГМО оризот ти има доставено список на кое е потпишано секое зрно дека не е ГМО. Со матичен број

17. Авокадо е. Види точка 9

18.  Кога ќе земеш нож да сечеш обична, традиционална тиквичка таа седи мирна, а ГМО тиквичката зема нож те вика „Пичко“ и ти бара дуел. После прави банда која го тероризира маалото и ја намалува вредноста на недвижнините

19. ГМО лозов лист сам се витка во сарма гушкајќи го месото

20. Доматите и пиперките кои се ГМО цело време те прашуваат дали сте стигнале кога одиш на одмор во Грција

21. 2 години се тужите со ГМО круша на суд затоа што си ја нападнал со ладно оружје

22. На ГМО бананата и е незгодно да се соблече пред да се запознаете подобро

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот