20 прашања што новинарите требаше да му ги постават на Заев

Вчера новиот премиер Зоран Заев седна во студио да одговара на прашања од страна на новинари од девет телвизии. Иако нашите колеги беа солидни (освен тие кои не беа солидни) сепак пропуштија многу важни прашања што требаше да му ги поставата на новиот премиер. Како на пример...

1. Дали ќе набави кучиња да го чуваа Мерцедесот од 600.000 евра за да не го гребат мачки

2. Дали знае да чита? Прашање кое се наметнува само по себе затоа што немаше лисја со него...

3. И ако знае да прочита нешто, некоја стихотворба

4. Дали владата ќе ја продолжи плодната соработка со Канго и ако да, дали ќе му биде дозволено да снима албум не само синглови

5. Што мислеше кога во мандатарскиот говор рече дека му треба помош од ВМРО ДПМНЕ да се зголеми наталитетот? Дали ги повика отворено заедно да ја ебваат државата?

6. Како се вика комитска вечер во СДСМ? Партизанска вечер?

7. Многумина бараат дислокација на споменици. Каде ќе го дислоцира овој споменик од нашите кошмари?

8. Дај бе едно кругче со Мерцедесот...

9. Ако мачки го гребеле Мерцедесот дали тие мачки биле тренирани од мрачни сили, Сорос, Канвас, странски служби од сите возила баш најскапото во државата да го гребат?

10.  Северина или Цеца? (со благо намигнување)

11. Заедно? (со благо изненадување)

12. Колку од 0 до 24 ќе работи дневно?

13. Колку од 0 до 7 ќе работи неделно?

14. Што имало во history на пребарувачот на Емил Димитриев?

15. Дали ќе ги реновира скокалниците што Груевски апсолутно ги изгради?

16. Ако во буџетот има шест милиони евра зошто не ги ставиме на дојава од MIRKO TIPOVI 2 VO 1 100% PROLAZ и да станеме Дубаи на Балканот?

17. Дали уште дома си слуша Best of од бомбите?

18.  Дали господине Заев ја фарбате косата?

19. Оти не ме ретвиташ на твитер?

20. Дали ова е добра шега на одличен стендап комичар или само вистина?

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот