20 начини како да преживееш во македонска болница

1. Не оди во македонска болница

2. Ако веќе мораш да одиш биди доктор или директор на болницата

3. Ако не си ни доктор ни директор на Јавната здравствена установа, а лековите на руските научници и Баба Рада не помагаат пробај со молитви

4. Ако ништо од горенаведеното не помага земи кредит или пари од лихвар за да те третираат подобро

5. Биди спремен да се вклучиш во тепачка

6. Одбивај се што ти нудат додека не пробаат тие први

7. Носи си постелнина, лекови, инфузија

8. Викни брза помош. Сега. Ќе дојдат точно кога ќе ти притребаат за 30-тина години

9. Купи си греалица. На многу места нема затоплување. Купи си и агрегатор за струја. Затоа што иако нема затоплување не оставаат вклучување на грејни тела

10. Биди оптимист, но имај тестамент. Распредели ги долговите на сите поденакво

11. Купи апарат за алко тест и пред да им дозволиш да ти направат што било тестирај ги

12. Не ги оставај да те допираат кога ќе ти речат дека пијани работат подобро

13. Оди со веќе сварено кафе за сестрите да не мораш да ги чекаш нив да варат додека те примат

14. Спреми блузи со долги ракави за наредните две недели затоа што ќе изгледаш како наркоман во раката. Сите што можеа да погодат вена напрво сега земаат крв во Германија

15. Надевај се дека во болницата е дојден странски експерт кој може да те прегледа

16. Научи се да коегзистираш со кучиња, лебарки и мов

17. Капи се во антибактериски гел. Три пати дневно

18. Помири се со твоето непознавање на медицината. Се разбира дека една виршла, две парчиња леб и чај се храна која му е доволна на болен организам да зајакне

19. Теши се дека кога ќе излезеш барем ќе си послаб/а

20. Биди медицинско чудо

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот