17 начини како да преживееш дожд ако не си риба

1. Гледај позитивно. Тој сељакот што те испрска со автомобилот со вода те хидратираше. Хидратирано тело - здраво тело

2. За брзо ќе можеш да ловиш риба од прозорец што ќе те релаксира и ќе направи да не ти е грижа за дождот

3. Место да трошиш пари за пат до Венеција повози ја твојата друга половина низ маало

4. На децата кога одат на школо стави им гуми за пливање или појаси за спасување. За секој случај

5. Ако те фати дождот без чадор не се секирај што немаш чадор. Помисли и на другите работи што ги немаш. Автомобил, сопствен стан, плата од која ќе можеш да живееш и одма немањето на чадор нема да ти изгледа како голем проблем

6. Одбери добри чизми

7. Вежбај спринт пливање од работа до дома, од дома до продавница и обратно. Можеби ќе исполниш олимписка норма

8. Извади ги рибите од аквариумот на прошетка

9. Теши се дека не мора да ги наводнуваш цвеќињата во дворот

10. Носи сапун во џеб за да го искористиш моментот на врнежите за лична хигиена

11. Не јади многу мрсно. Нема врска со дождот ама секогаш е добар совет

12. Пушти ја “Врне, врне“ од Сара Мејс со духовит коментар “ot ko pocna sara mace da peј nema prestanato da vrne hehehe“

13. Пцуј го тој што го работи ХАРРП системот и што го свртил на дожд

14. Наместо на фудбал викни ги другарите на партија ватерполо. На истиот терен на кој играте фудбал

15. Ако не беше на одмор сега е времето да се искапиш во нешто поголема количина на вода од када или Дојранското езеро

16. Радувај се што децата ќе престанат да ти пишуваат на југото “NЗМNJ ME“

17. Шетај го кучето и викај го Морски пас

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот