16 субвенции што треба да ги воведе новата влада

Отакако Владата најави дека ќе субвенционира леќи за студенти и средношколци (никако да се субвенционираат апаратчиња за слушање хехе) и музички инструменит составивме листа на работи кои треба да бидат субвенционирани.

1. Палома

Само во сезона на грип

2. Субвенции за прво дете

Само кога комисија ќе одреди дека некој/а се доволно непривлечни со што нивното размножување е еднакво на чудо

3. Кока Кола или друг сок во микс со алкохол

Додавањето на сок ја зголемува и цената. Кога владата би плаќала за шеќерниот дел од алкохолниот пијалок тогаш луѓето би конзумирале повеќе алкохол и би имало поголем наталитет

4. Субвенции за природни веѓи

Да се сочува малцинството на жени кои се уште не мораат да користат боици за да имаат веѓи

5. Дезодоранс

Обавезно! Со препорака од двајца пријатели да се дели бесплатен дезодоранс. Или со препорака на инспектор во автобоус

6. Раткапни

Во случај да ти имаат една украдено владата да ти ја надомсести штетата

7. Купи бурек, купи јогурт

Со секоја четврина бурек субвенција пробиотски јогурт

8. Пиштол

Затоа што не сите се за музичари, некои се родени за криминалци

9. Субвенци за 1к на 10 последователни статус

За заслуга за забавување на народот

10. Субвенции за оние кои не земаат субвенции по ниедна ставка

Затоа што и тие четворица заслужуваат субвенции

11. Музички субвенции

За загрозени групи како што се рапери над 40 години, џез музичари на секоја возраст и електро продуценти на кои “ОВА НЕ Е ФАЗА ОВА СУМ ЈАС“

12. Проширување на субвенциите за скулптури

Од најмала возраст секоја скулптура од пластелин која ќе биде оценета со просечна оценка тројка да биде субвенционирана

13. Влијателност на Твитер

Секој со над 15к следачи да добива одреден месечен паричен надоместок за подобрување на состојбата во земјата

14. Субвенции за неисушен фикус

За сите оние кои својот фикус го чуваат без да му пожолтат лисјата на крајовите. Заслужено

15. Субвенција за дојадена марула од салатата

Исклучиво во кафански услови

16. Дел од уплата во кладилница

По 5% за сите уплати до 1000 денари

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот