16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

1. Нормално кафе! Затоа што до 12 може да заспиеш па да не си информиран

2. Почни да смислуваш како ќе реагираш ако твојата партија прави влада или не прави влада

3. Истуширај се и стави дезодоранс. Нема врска ова со владата туку недела е ефтина струја и утре ќе мирисаш добро

4. Направи доручек, затоа што утре ќе си ненаспан/напана

5. Уште сега почнувај да смислуваш смешни статуси

6. Побарај пријател доктор за да ти напише боледување за утре

7. Ако си Пепелашка не чекај во замокот да соопштат нова влада туку врати се дома оти кочијата ќе ти стане тиква

8. Наоштри ја тастатурата за бој

9. Овде можеш во меѓувреме да аплицираш за американска виза, овде за геманска виза.

10. Отвори шампањско затоа што каква и да е разврската тука Елон Маск планира да го колонизира Марс

11. Ако имаш деца здроби им пола лексилиум во млекото за да не ти досадуваат додека чекаш

12. Челичи го карактерот со тоа што нема да се преждераваш додека чекаш да се формира влада

13. Имаш време да го прочиташ ова уште еднаш, но и не мораш

14. Размисли на прашањето: Ако на отровот му помине рокот дали е поотровен или помалку отровен

15. Размисли што ќе кажеш утре на утринска емисија

16. Состави едно ливче за кладилница

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот